Live 360° видеа наскоро и на Facebook

Најголемата друштвена мрежа овозможи за дел од своите корисници а наскоро и за сите, споделување на 4K 360° видео содржини. Facebook е последна голема платформа која ќе ја додаде оваа новост.

Првата Facebook страница на која ќе ѝ биде ова овозможено е National Geographics. Се очекува ова видео да биде објавено веќе денес, а темата на видеото да биде излегувањето на научниците од капсулите во Mars Desert Research Station, во државата Јута, САД.

До крајот на овој месец треба да биде издадено и API за Facebook Live. Ова ќе обезбеди сите корисници да може да споделувааат вакви видеа во иднина, јави TechCrunch.

За жал, иако Oculus Rift е дел од Facebook, нема можност за следење на овие видеа во живо преку виртуелната реалност. Сепак репризите на видеата можат да се следат и во виртуелна реалност.

Најголемата друштвена мрежа прилично доцни со воведувањето на оваа технологија. YouTube и Periscope веќе ја воведоа оваа промена на нивните платформи. Можеби Periscope и не е проблем за Facebook, но доминацијата на YouTube секако е. Двете платформи секако ќе започнат со натпревар за корисници, иако барем засега надвор од супер забавни реклами, содржините и не нудат премногу. Ако во иднина малку се променат и додадат поинакви содржини секако и интересот ќе биде далеку поголем.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk