1 коментар 2 мин. читање 13 декември, 2016

Конечно пристигна Gboard и за Android

Неколку месеци по издавањето на iOS, Google конечно ја издаде Gboard и за Аndroid. Станува збор за надградба на стандардната тастатура која ќе им биде достапна на сите корисници доколку телефонот ја поддржува.

Надградбата овозможува брзо и едноставно додавање на линкови и слики без дополнителна потреба за отворање на пребарувач. Апликацијата се темели на можностите на пребарувачот на Google. Корисниците ќе можат да забележат низа нови функционалности во горниот ред на тастатурата. Преку малиот прелистувач ќе може да се додаваат слики или линкови.

Дополнително новитет е копче за пребарување по емотикони, но и можност за исклучување на предвидувањето при пишување директно на тастататурата. Нема никакава разлика помеѓу iOS и Android апликацијата, а останува неодговорено прашањето зошто досега не беше апликацијата достапна и за Android корисниците.

Google веќе започнува со надградбата кај дел од корисниците, а доколку не ви се чека апликацијата е достапна и преку АPK.

Image: iTunes
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top