Гоблин го најави првиот турнир со новата експанзија на HearthStone, Knights of Frozen Throne. Нема подобар начин за прослава и дружење од одржување на последниот турнир пред почетокот на школската година.
https://youtu.be/4lVio-6Wv54
Сите љубители на играта кои се заинтересирани за турнирот можат уште сега да се пријават на имејл адресата на Гоблин ([email protected]). Во пораката треба да испратат име, презиме и battletag.
Што се однесува до турнирот, веќе вообичаено, секој учесник доаѓа со сопствен компјутер, таблет или телефон. Натпреварите се подобар од 3, по една победа со секој од дековите. За учество се плаќа 100 денари, а овие средства потоа се прераспределуваат на победниците, и тоа:
- 1 место: 40 % store credit од вкупното учество + Thrall Funko Pop!
- 2 место: 20 % store credit од вкупното учество
- 3 место: 10 % store credit од вкупното учество
- 4 место: 10 % store credit од вкупното учество
Освен овие награди ќе има и дополнителни награди за учесниците, кои се доделуваат по случен избор. Настанот е дел од Hearthstone лигата.
Турнирот се одржува на 2 септември од 14;00 часот во Гоблин. Повеќе податоци за турнирот може да пронајдете на нивната Facebook страницата.