Ли Вебер на AllWeb 2014: Публиката мора да ви верува

Ли Вебер ја отвори својата презентација на AllWeb 2014 со вежби за јога. Публиката се изнасмеа, но скоро сите до еден ги правеа вежбите. Креирање позитивната атмосфера е вежна за г-ѓа. Вебер која е основач на еден од најголемите светски блогови за зависности, Addiction Blog. Зависностите од дрога и алкохол се комплицирана тема за на Интернет, постои многу омраза и тролови, и луѓето не сакаат да зборуваат за своите проблеми. Но, г-ѓа. Вебер вели дека мора да се воспостави конекција со својата публика за таа да и верува. Таквиот пристап кон градење постепена лојална публиката, г-ѓа. Вебер го применува и во своето брендирање на друштвените мрежи.

Интересно, за разлика од повеќето брендови кои се тркаат да станат што е можно поголеми на Facebook, оваа мрежа за г-ѓа. Вебер e од мало значење. Анализа на публиката покажа дека користење на вистинското име на Facebook не помага кога се зборува за зависности. Луѓето не сакаат да зборуваат јавно за своите проблеми, туку ја користат анонимноста на Интернет за да се чувствуваат безбедни, но и да бидат искрени. Публиката доаѓа на Addiction Blog преку органски извори, односно преку пребарувањe на клучни зборови и теми. И затоа, вели г-ѓа. Вебер, стартуваа со Google+, кој иако не е популарна мрежа, беше искористена како SEO алатка преку која Google научи информации за блогот, кои потоа им ги претстави на корисниците преку пребарувањето.

Ваквото таргетирање зависи од бренд до бренд, вели г-ѓа. Вебер, но мора првин да се изанализира „ниш“ публиката и да се види од каде доаѓа на сајтот. Нејзината методологија е да оди постепено, да совлада една мрежа, потоа да оди кон друга, пример на LinkedIn каде открива нова содржина од влијателни експерти од полето на зависности, што потоа им ја претставува на својата публика, и ги одржува информирани. Така, вели г-ѓа. Вебер, се станува автентичен и ја добивате довербата на публиката.

[youtube]R_XgPG0swnQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments