LG и Sony Ericsson склучија партнерство со Box.net

во Веб, Мобилни

Договорот што го склучија HTC и DropBox пред неколку месеци каде што корисниците ќе добијат 5 GB слободен простор при продажба на најновите HTC модели доби сериозна конкуренција. Откако Apple го направи истото со Box.net и им понуди на своите корисници 50 GB, LG и Sony Ericsson го следеа примерот и склучија партнерство при кое ќе понудат 50 GB бесплатен простор на cloud сервисот Box.net, кој е еден од најсериозните конкуренти на DropBox.

Корисниците на LG уреди базирани на Android можат уште од денеска па се до 31-ви март, 2012 година да го искористат ова партнерство со едноставно инсталирање на апликацијата од Android Market, по чија инсталација ќе добијат известување да го надградат својот пакет.

Корисниците пак на Sony Ericsson Xperia наскоро ќе ја добијат истата промоција… компанијата вчера на својот блог објави дека промоцијата може да се очекува наскоро, откако ќе се договорат деталите околу партнерството.

Овие зделки и партнерства само уште еднаш докажуваат што значи добра конкуренција. :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk