Според LG, G Flex e првиот „вистински“ заоблен телефон на пазарот, искривен така што „го следи обликот на лицето“, во спротивна насока од oблините на конкурентот Samsung Galaxy Round. G Flex има 6-инчен 720p дисплеј искривен по хоризонталната оска и 2,2 GHz Snapdragon процесор со четири јадра, 2 GB RAM и 13 мегапиксели камера.
И покрај заоблениот екран, телефонот нема којзнае колку поразлични функционалности од другите рамни уреди. Можеби треба да се издвои дека G Flex може да се отклучи со различни движења на различни точки на екранот, и според LG, заобленоста го прави уредот поергономски за правење разговори. Тоа што е ново и интересно е што LG вели дека G Flex има задна маска која „се поправа сама“, односно ги отстранува сите гребнатинки. Но, ова звучи неверојатно, па пред да веруваме на маркетингот ќе треба да се почека телефонот да биде објавен првин во Јужна Кореја, а потоа и во другите земји.

Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.