Летечки квадрикоптери внесуваат страв со своите формации

Сега роботите стануваат и пофлексибилни и поподвижни од луѓето, воедно почнуваат и да работат во формации. Покрај безброј предупредувања на Холивуд за апокалипса предизвикана од роботи, овие летечки квадрикоптери сега флуидно се справуваат со препреки, ефективно се стабилизираат одкако ќе ја изгубат стабилноста од неочекуван шок (анти роботски ракети исфрлени како последен крик на човештвото можеби?) и формираат „паметни” формации.

Овие летечки мини квадрикоптери се развиваат во Пенсилванискиот универзитет како дел од Scalable sWarms of Autonomous Robots and Mobile Sensors SWARMS проектот. Арнолд Шварценегер сигурно точно знае каков ефект ќе има ваква технологија врз иднината на човештвото и веќе работи на сопствен бункер.

Доколку сакате и вие свој квадрикоптер, постои сличен комерцијален продукт кој се контролира со вашиот iOS уред. Повеќе тука: Летајте со првиот „квадрикоптер“ AR Drone со вашите паметни телефони

[youtube]YQIMGV5vtd4[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Dragan
Dragan
10 years ago

Kvadrokopterot AR Drone sega moze da se kontrolira i preku Android uredi.
Samo za zal ne e dostapen i kaj nas :(