Let Them Come: Onslaught е уште една од оние bullet heaven игри каде што главната цел е преживување на огромни бранови од непријатели додека автоматски се користат најразлични оружја и моќи. И апсолутно е фантастична! Што е најважното што морате да знаете за неа?

Клучни карактеристики:
- Интензивен борбен систем: Брза „bullet heaven“ акција која бара постојано движење и прецизност.
- Длабока прогресија: Трајни „roguelite“ надградби и детален систем за градење на сопствен стил на игра (build crafting).
- Динамични околини: Процедурално генерирани мапи со случајни настани, мисии и изненадни мини-шефови.
- Разновидни класи: Два целосно различни карактери (Војник и Телепат) кои нудат уникатни начини за справување со ордите.
- Аудио-визуелен идентитет: Ретро научно-фантастична графика проследена со извонреден синтвејв саундтрак од Cartridge 87.
- Епски пресметки: Четири различни светови кои кулминираат со масивни и предизвикувачки битки со главни шефови.
Сместена во клаустрофобичен научно-фантастичен универзум, играта ви дозволува да си се шетате со борци кои автоматски се спротивстават на незапирлива инвазија од туѓински суштества. Како што сигурно претпоставувате, нема овде комплексни приказни и долги дијалози. Наместо тоа, фокусот се става на тактичко движење низ мапата, адреналинско соочување со навидум-непресушната легија од непријатели и мазохистичко уживање во константното чувство на тензија.

Клучните механики во играта се засноваат на roguelite прогресија. Па така, откако ќе изберете еден од два различни ликови ќе навлезете во максимални бранови на деструкција кој драстично се разликуваат. Од една страна, го имате војникот кој се потпира на сурова огнена моќ и издржливост. Од друга страна, телепатот нуди покомплексен стил на игра фокусиран на контрола на толпата и манипулација на просторот. И двата системи, иако скроз различни, бараат постојано маневрирање, прецизно позиционирање и донесување брзи тактички одлуки за време на мапите. Секоја можна појава на монотонија хирушки се остранува со појавувањето на бројните неочекуваните предизвици, како справување со мини босови, собирање пакети со ресурси, и слични награди кои значително може да ви помогнат на бојното поле.

Дефинитивно е за пофалба обемниот арсенал и слободата за длабока персонализација на опремата. На располагање имате огромен арсенал од оружја инспирирани кои како да се извлечени директно од класичната научна фантастика. Покрај оружјата, имате и можност директно да повикувате деструктивни орбитални удари за ефикасна чистка на боиштето. Она што сакаме да кажеме е дека имате одлични можности константно да експериментирате и да создавате ефикасна синергија помеѓу офанзивните капацитети и дефанзивните штитови. Нормално, помеѓу рановите, собраните ресурси ги користите за трајно отклучување на нови вештини, зголемување на основните статистики и севкупно рафинирање на стратегијата.

Let Them Come: Onslaught силно се потпира на естетиката на акционите филмови од осумдесеттите години. За таа цел, студиото користи графички стил кој одлично ја доловува суровата атмосфера на изолираните вселенски фронтови преку живописни пиксел-арт експлозии и неонски светла. Апсолутно уживање е сеењето хаос низ четирите различни светови. А, за пофалба е и оригиналната музичка подлога компонирана од артистот Cartridge 87. Уметникот се има потрудено да сервира енергичните синтвејв мелодии кои активно го диктираат темпото на акцијата. Се на се, прекрасно искуство кое топло се препорачува и на вашиот Steam Deck.

Let Them Come: Onslaught e солиднa игра која се одликува со прекрасни и забавни можности поврзани со масивни битки со епски шефовии епски пресметки. Доколку сте фанови на vampire Survivors и сакате да видите колку далеку има стигнато овој поджанр, тогаш топло ви препорачуваме да ги проверите длабоките системи на прогресија и преубавата ретро-инспирирана естетика.








