2 коментари 2 мин. читање 15 февруари, 2011

Lecturefox – бесплатни онлајн предавања

Предавањата можете да ги филтрирате по категориите: физика, хемија, компјутерски технологии, математика или микс од факултетите.

Одлично е тоа што предавањата се видео, одредени можете да ги симнете и како .mp3 фајл и исто така некои се достапни и како .txt фајл како белешки. За да ги гледате предавањата потребна ви е програма како Winamp или >VLC.

За студентите кои изучуваат или изучувале компјутерски науки, или пак за оние кои се интересираат да знаат повеќе, им препорачувам да погледнат некои од видеата кои се совпаѓаат со областа во која сакаат да навлезат. Модерниот начин на предавање не е воопшто како на нашите факултети, професорите се трудат со сите ресурси кои ги имаат да ја поедностават материја, така да верувам дека ќе научите нешто од видеата.

Кога ќе ги изгледате сите, или ако сакате да побарате повеќе, еве уште неколку линкови каде можете да го сторите тоа:

  • Пребарајте низ интернет TV пребарувачот овде.
  • Опширна листа можете да најдете и на овој блог.
  • На овој блог пак, можете да најдете и некои европски универзитети, а исто како и на предхoдниот листата е огромна.
  • И на крај, би сакала да го вклучам добро познатиот TED каде можете да гледате предавања од најразлични теми со иновативен пристап и секогаш нови.
  • Youtube имаат свој дел наречен YouTube Education каде исто така можете да најдете голем број предавања од различни области.
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Stole Peshov
15 years ago

Еве уште една страна на која има видео предавања по математика од сире области алгебра тригонометрија ……
http://www.khanacademy.org/

Мени
Заедница
Изглед
To top