0 коментари 2 мин. читање 15 април, 2024

Last Hope Bunker: Zombie Survival e акциона авантура со survival хорор механики

Од ArtDock, студиото чија претходна игра беше SOS OPS!, доаѓа значително поразлична игра. Наместо разиграна графика и механики од натпреварувачки карактер, овојпат имате за задача да се соочите со опасни чудовишта во мрачен, постапокалиптичен свет.

https://www.youtube.com/watch?v=ev4raVuKD0U

Безнадежна мисија

Барајќи некаков начин да ја спасите вашата ќерка од смртоносен вирус, ќе биде потребно да истражувате најразлични места и да се спротивставите со најразлични зомби суштества. Бидејќи мунуцијата доаѓа во ограничени количини, често се препорачува да се потпирате на прикрадување како и темелно пребарување на куќите и автомобилите.

За поефикасно соочување со ордата, ќе можете да ги надградувате и вашите оружја и вашата опрема, како и да создавате најразлични корисни работи од материјалите кои ги собирате по патот.

Last Hope Bunker: Zombie Survival има претежно позитивни рецензии. Иако графиката и музичката подлога нема да освојат никакви награди, гејмплеј механиките се солидни и способни да ве вовлечат во заканувачкиот свет.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: ArtDock
  • Издава: ArtDock
  • Жанр: акциона авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 9 април 2024
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top