{mosimage}Epopusti е прилично нов сајт кој овозможува лесен, ефикасен и ефтин систем за промоција на вашиот бизнис.
Има навигaција поделена по дејности која во овозможува лесно да го најдете она што го барате.
За само 6000ден годишно вие ќе имате реклама на сајтот,со единстев предуслов вашата фирма да има одреден попуст. Покрај рекламата кога ќе кликнете на одредениот попуст добивате и информации за продавницата, компанијата… што е интересно. Можеби би било уште поинтересно да има мапа до одредената продавница со попустот, нешто како Google Maps, но …
Единствена забелешка можеби е што купоните треба да се испечатат. Сигурно има и друго решение без да се мачи потрошувачот да печати купони. Во секој случај интересен веб сајт за онлајн промоција.
{mosimage}






