0 коментари 1 мин. читање

Куп сервиси и сајтови беа истовремено недостапни

Facebook, Verzon, Office 365, повторно беа недостапни за дел од корисниците. Овој пат виновникот е сервисот Cloudflare кој треба да ги заштити серверите од DoS  напади. Verizon беше причина за проблемите минатата недела, но оваа недела тоа е Cloudflare.

Причината за падот не е напад туку проблеми со кодот, поточно компанијата „качи“ код со пропуст. Грешката е во кодот кој детектира „inline Javascript“ напади и проблеми со овој код ги преоптоварил процесорите на „firewall“-от.  Поради ова сите страни кои ги заштитува Cloudflare околу половина час беа недостапни и јавуваа грешка 502.

Проблеми имаше и Microsoft со Office 365 сервисот кој за дел од корисниците не беше достапен, а проблемот беше само за дел од провајдерите.

Веројатно најголем дел од вас забележаа дека проблеми имаше и најпопуларната друштвена мрежа. На Facebook дел од сликите беа недостапни, а ова беше проблем и а WhatsApp и на Instagram. Проблемите на Facebook беа поради погрешни „timestamp“ податоци, објасни ArsTechnica.

Речиси истовремено проблеми со испраќањето на директните пораки имаше и Twitter. Иако најголем дел од другите проблеми се отстранети, директните пораки на Twitter сè уште повремено имаат проблеми.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top