Апликации кои ви се потребни во лето #2

Ако сè уште не сте го заминале на летен одмор, а планирате да патувате тогаш неколку апликации од оваа листа без сомневање ќе ви бидат од  корист. Не толку одамна можеше да го разгледате првиот дел од оваа листа, иако веројатно поголем дел од апликациите од таа листа веќе и ги знаете.

Google Trips

За жал Google Trips ќе престане  да функционира на 5 август. Најголем дел од функционалностите на Google Trips ќе се префрлат или се веќе префрлени на Google Search и Google Maps, велат од Google.


Апликацијата е релативно нова, Google ја претстави пред две години, за жал тогаш малку предоцна за летните одмори. Trips е одлична апликација за планирање на летниот одмор, но и општо на патувањата. Апликацијата истовремено собира сѐ што е потребно за патување: потсетници; карти; можности за одбележување на местата за посетување; упатства за пристигање.

И за да не мора да се грижите дали ова ќе може да го користите ако не успеете да најдете поевтин интернет, сè е достапно за користење и офлајн. Во Trips се сместени над 200 познати туристички локации, но ова е потребно единствено за користење на „волшебниците“. Освен автоматското креирање на тури, корисниците можат и сами да го креираат своето совршено патување.

За сите кои сакаат да планираат ама баш сè уште пред да стигнат Trips доаѓа со можност за микроменаџмент на сè, од слетувањето на авионот до пристигнувањето дома. Корисникот ги одбира рутите до хотелот; локации кои сака да ги посети; кога е слободното време за шетање; настани кои сака да ги посети; ресторани и ноќни клубови; па и пооддалечените места до кои би сакал да патува.

WifiSpc

Безжичен интернет не е клучен за добар одмор, но почесто е подобро да ви достапен, отколку да го нема.

WifiSpc е мапа (веб-апликација), но не карта на места кои треба да ги посетите, туку карта на локации кои нудат бесплатен WiFi интернет. Секако за да ја отворите мапата ќе мора да имате некаков интернет, но барем ќе можете да пронајдете место на кое е достапен бесплатен интернет.

Овој сервис беше достапен како апликација, но се чини дека Android верзијата веќе е отстранета. Добра вест за iOS корисниците, оваа верзија постои и функционира. За Android може да ја користите WiFi Map иако без сомневање рекламите во апликацијата ќе ве полудат.

Секако мора да имате предвид дека отклучените мрежи и не се премногу безбедни, ако воопшто може да зборуваме за некаква безбедност.

XE

Ако патувате низ повеќе дестинации и не ги знаете локалните валути оваа апликација ќе ви помогне за брзо да пресметате колку чинат работите.  Ова секако ќе ви биде покорисно ако патувате некаде каде валутите не се долари или евра. Апликацијата е супер едноставна за користење, ги има сите валути кои ќе ви затребаат, а достапна е за iOS и Android. Секако за прецизно префрлање од една во друга валута потребно е да ја синхронизирате апликацијата.

Flush

Flush – Crowdsourced Toilets е баш апликација која додека не ви затреба нема да а користите, но кога ќе ви треба е незаменлива. Станува збор за мапа на која може да ги пронајдете јавните тоалети кои се во близина. За жал некако резултатите на мапите многу зависат од корисниците, станува збор за „crowdsource“ апликација во која корисниците ги внесуваат податоците, па ако нема корисници нема ни податоци. На пример за Скопје тоалетите се бројат на прсти од раката. Инаку станува збор за апликација која ги користи Google Maps, па доаѓа и со сите предности на апликацијата, на пример, чекор по чекор упатства до посакуваната дестинација.

Flush е достапен нa iOS и Android.

PackPoint

Веројатно ова е најкорисната апликација на оваа листа. Едноставно одбирате период на патувањето, локација и активности кои ги планирате. Потоа апликацијата креира листа на потребни работи за секоја активност и плус ги додава сите работи кои ќе ви бидат неопходни за секакво патување. На пример ако селектирате дека планирате да кампувате, да одите на плажа и да пливате, апликацијата најпрво ќе ја провери временската прогноза за периодот во кој сте го најавиле патувањето, па ќе креира листи со сè што ви е потребно.

Така на оваа листа за кампување, плажа и пливање ни се потребни очила за сонце, капа и костум за капење, но и шатор, вреќа за спиење, батерија спреј за инсекти и слично.

Конечно апликацијата има и листа на различни работи кои ќе ви бидат потребни без разлика кои и се активностите, на пример ножички за нокти, чорапи и слично.

Како ги додавате работите во торбите може да ги селектирате на листата.

PackPoint е бесплатна и достапна за Android и iOS.

Google Find My Device и Find My iPhone

Секако оваа апликација е бескорисна или неопходна во најнепосакуваниот случај. За несреќа за ова треба да ги имате инсталирано соодветните апликации претходно.

За Google e едноставно најпрво ја инсталирате Google Find My Device. Потоа кога го барате уредот одите на „https://www.google.com/android/find“. Тука се отвора мапа заедно со локацијата на телефонот. Ако стравувате дека некој ви го украл или можеби го нашол уредот тогаш може да одберете „Secure Device“ што ќе го заклучи телефонот и на екранот ќе остави порака и телефонски број. Во најлош случај може да одберете „Erase Device“ со што ќе ги избришете сите податоци на телефонот. Ова секако е најнепосакуваната опција, но ако некој го има вашиот телефон подобро да не му ги оставите и податоците.

На iPhone оваа функционалност е вградена во iOS. Корисникот треба да избере Settings > Privacy и да ги вклучи Location Services. Одете во Settings > „Вашето име“ > iCloud > Find My iPhone, и одберете „Find My iPhone“ од тука може да вклучите „Send Last Location“.

За пронаоѓање на уредот одете на iCloud #Find, тука внесете го вашиот Apple ID и одберете го уредот што го барате. За безбедност постојат истите функционалности како на Android. Може да го вклучите ѕвонењето, што секако е корисно ако сте во близина, но не го гледате уредот; „Lock Mode“ го заклучува телефонот и покажува порака на екранот и истовремено ги брише сите податоци за картичките од Apple Pay. Конечно и тука имате можност, ако ништо друго не успее да ги избришете сите податоци од уредот со „Erase your missing device“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk