Германскиот производител на роботи Kuka ја претстави иднината на дел од работните задачи. Фокус на развојот е заедничка работа на роботи и луѓе, што придонесува за поголема продуктивност и флексибилност.
Комбинацијата на робот и човек не е единствената причина заради која е постигната поголема флексибилност. Можностите за промена на дел од роботот и едноставно програмирање од луѓе кои не се експерти е клучна.
Од Kuka најавуваат функционалности со кои ќе се надминат сите предизвици кои ја прават автоматизацијата комплексна. Засега компанијата претстави кусо видео од демо кое ги претставува можностите.