Куба го дозволи првиот бесплатен WiFi интернет пристап на своја територија, станува збор за локација во Културниот центар на Хавана која веќе неколку недели им нуди бесплатен пристап до Интернет на своите постители, јави Washington Post. Не е изненадување што помладите генерации во Куба веднаш го „прогласија“ Културниот центар за култно место и се почесто е нивната омилена локација. „Доаѓам овде онолку често колку што времето ми дозволува“, вели еден од посетителите. За центарот, пристапот е моќно алатка да се поврзат со луѓето.
„Ова е невообичаено, и единствено беше можно со нашата волја да ја апсорбираме цената. Скапо е, но придобивките се огромни… Поседувам нешто што е одлично и моќно. Можам да го споделам и го правам тоа“, вели кубанскиот уметник Кчо, кој е раководител на Културниот центар.
Куба е една од најлошо поврзаните држави, иако самите корисниците се обидуваа да се поврзат со останатиот свет преку нелегална сопствена мрежа на која беа поврзани илјадници Кубанци во Хавана. Благодарение на оваа мрежа над 9.000 граѓани имаа можност за пристап до SNet локална мрежа преку која може да играат онлајн игри, но и пристап до дел од содржините кои можат да се најдат на Интернет.
WiFi пристапот во Културниот центар во Хавана е 2MB/s што според светските стандари можеби е бавно, но пред да биде бесплатен, Интернетот беше неверојатен луксуз. Кубанците плаќаа околку 5 долари (просечната плата во Куба е 20 долари) за едночасовен пристап од локациите кои најчесто се наменети за туристи.
[…] така одамна Куба ја доби првата локација со бесплатен интернет. Бесплатните Wi-Fi мрежи […]
Wow. Преводов е неверојатен… „Ова е невообичаено и единствено преку нашата воља е можно да ја се апсорбира цената“. Читате што сте напишале пред да објавите?
Why so angry? Ти благодариме на забелешката, поправено е. :)