0 коментари 3 мин. читање 20 февруари, 2015

Крис Санчез е 23-годишен корисник кој прави 500.000 долари годишно од Twitter

Крис Санчез има само 23 години, а веќе заработува 500.000 долари благодарение искллучиво на својот Twitter профил. „Го отворив мојот Twitter профил бидејќи сакав да ја следам Бритни Спирс. Навистина сум огромен фан“, вели тој во интервју за Business Insider.

Како што поминувало времето Крис се заинтересира за повеќе работи, а со оглед на тоа дека немал што многу да сподели од своето секојдневие, започна да споделува интересени податоци од Интернот. На Twitter се приклучи во 2009 година, а од 2011-та започна да споделува по еден интересен факт секој 15 минути. Така започна UberFacts кој до 2012 година имаше 200.000 следбеници, по што започна интересот за реклами. „Тоа ми помогна да увидам како можам да заработам од UberFacts со креирање на галерии и твитање на линкови. Започнав да добивам помеѓу 600 и 800 долари неделно и ова ми беше неверојатно“.

Денес г.Санчез има над 19,4 милиони следбеници на Twitter, 1,27 милиони на Facebook и 467.000 на Instagram. Благодарение на ова заработува над 500.000 долари годишно од UberFacts, а сега има и апликација со која корисниците можат да ги споделуваат и дискутираат интересните факти кои тој ги споделува. Сега тој вработи двајца помошници кои му помагаат во изборот на фактите, но и за проверка на истите, откако за дел од нив се појавуваа дилеми за веродостојноста.

„Никогаш не верувам дека ова може да биде работа… Отсекогаш сакав да го забавувам луѓето. Се надевам дека брендот носи најразлични вредности до Интернет, доколку овие твитови направат луѓето да размислуваат, а мислам дека токму ова и се случува“, додава г. Санчез.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top