Крипто-кошницата на Трамп: XRP, Solana, Cardano, Bitcoin и Ethereum во резерва

во Вести

Доналд Трамп викендов ја најави првата стратегиска крипто-резерва на САД, предизвикувајќи бурни реакции во крипто-заедницата. Она што беше веднаш забележано е дека во првата објава немаше ниту збор за биткоин и етереум. Само еден час подоцна, Трамп ја исправи ситуацијата со објава во која потврди дека „BTC и ETH ќе бидат срцето на резервата“.

Што е стратешка крипто резерва

Стратешка крипто резерва во суштина претставува државно складиште на дигитални валути, слична на резервите на злато или девизи. Целта е да се диверзифицираат националните резерви, да се заштити од инфлација, да се искористи потенцијалот на крипто пазарот, да се зајакне националната безбедност и да се позиционира државата како лидер во иновациите поврзани со криптовалути и блокчејн технологија.

Воспоставувањето на ваква резерва би можело да е од клучно значење за прилагодување на дигиталната ера, бидејќи криптовалутите се дел од иднината на финансиите. Со неа, се намалува зависноста од традиционалниот финансиски систем, се зајакнува финансиската независност, се поддржуваат иновациите и се стекнува геополитичка предност. Станува збор за стратешки потег кој ја подготвува државата за иднината на глобалната економија.

Во серија објави на неговата социјална мрежа Truth Social, претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави првиот концепт за формирање на стратегиска крипто-резерва на државата. Првично, во резервата беа вклучени XRP, Solana (SOL) и Cardano (ADA). По низа реакции, додаде дека и Bitcoin (BTC) и Ethereum (ETH) ќе бидат составен дел од оваа иницијатива.

„Американската крипто резерва ќе ја подигне оваа важна индустрија по години на коруптивни напади од страна на администрацијата на Бајден, поради што мојата Извршна наредба за дигитални средства и налага на претседателската работна група да продолжи со крипто-стратешката резерва која вклучува XRP, SOL и ADA.

Ќе се погрижам САД да бидат крипто главен град на светот. Ја правиме АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА!“

Скок на крипто-валутите

Одлуката доаѓа по извршната наредба што Трамп ја издаде во јануари. Со наредбата се формираше работна група задолжена за разгледување на крипто-регулативите. Една од точките беше и „можноста за создавање и одржување на национален дигитален фонд“.

Очекувано објавата веднаш предизвика скок на цените на XRP, SOL и ADA. За само два часа вредноста на ADA порасна за повеќе од 63%, SOL за 23%, а XRP за 32%. Дополнително, оваа одлука наиде на одобрување од водечки инвеститори во крипто-просторот, вклучувајќи го и Дејвид Сакс, советникот за криптовалути и вештачка интелигенција во Белата куќа, пишува Coindesk.

Освен крипто-резерва, Трамп потпиша и наредба за формирање на американски суверен фонд, кој потенцијално би можел да се користи за купување на TikTok, јави TechCrunch.

Што следува?

Моменталната американска политика кон криптовалутите веќе доведе до значајни промени во регулаторниот пристап на САД. Комисијата за хартии од вредност (SEC) ја отфрли тужбата против Coinbase и официјално прогласи дека мемекоините не се хартии од вредност и не треба да се регулираат.

Иако крипто-резервата сè уште е само концепт, Белата куќа најави самит со индустриски и владини претставници за дооформување на планот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments