Една Фотографија, 1.000 зборови, но еден гиф е околу 4.000 зборови или повеќе, зависно од колку секунди трае. Овие анимирани фотографии станаа неопходни на интернет за да се пренесат емоциите, секако во вид на пародија од позната филмска сцена како што и доликува на денешната интернет култура.
Но, иако станаа популарни во последниве неколку години со растот на друштвените мрежи („Gif“ беше избран за „збор на годината 2012“ од Оксфордскиот речник), „graphics interchange format” фајловите всушност постојат уште пред времето на Netscape, уште од 1987 година. Овој интерактивен формат на фајлови беше креиран во лабораторијата на CompuSеrve од Стив Вилхам кој доби Награда за животно остварување од претижните Webby Awards.
„И покрај развојот во технологијата на анимирани фотографии на Вебот, GIF-от останува главен помеѓу форматите за слики кои се користат да се пренесат вестите и информацијата. Распространување на GIF-от во денешната интернет поп култура водена од интернет мемињата и Tumblr, докажува дека овој вечен формат е еден од најславените на Вебот (и покрај вжештената контроверзност околу правиот изговор). Бидејќи 2012-та беше 25-тата годишница на GIF-oт, мислиме дека e најсоодветно 17-та Webby награда да му ја дадеме на Стив Вилхајт и неговото историско достигнување.“, вели жирото на Webby Awards.
Честитки г. Вилхајт!
"иако станаа популарни во последниве неколку години" :)))
Pred 15+ godini recisi site sliki bea gifovi i po nekoj jpg. Za png i slicni skoro nikoj nemase slusnato.