0 коментари 2 мин. читање 26 јули, 2011

Користете псевдоним на Google+ без да ги прекршите условите на користење

Google призна дека направи грешка со импулсивното бришење на Google+ профили. Многу од профилите кои користеа псевдоними беа веднаш избришани без воопшто да се информираат корисниците. Бредли Хоровиц од Google објави дека погрешиле во одлуката и затоа ќе направат неколку промени во полисата, односно ќе ги информираат корисниците за го сменат името пред да го избришат профилот, ќе има подобар процес за регистрација и ќе има начин за поддршка на псевдоними.

Во овој пост би сакал да ви покажам како би можеле да имате псевдоним, а да не ги прекршувате правилата на Google. Google+ ви овозможува да си одредите псевдоним под кој би можеле да бидете најдени. Тоа можете да го сторите на следниот начин:

  1. Упатете се на вашиот профил;
  2. Кликнете на копчето Edit Profile;
  3. Подоле ќе најдете опција Nickname;
  4. Клинете кај опцијата Nickname, и напишете го вашиот псевдоним.

За ова да функционира само мора да го наместите вашиот профил да биде јавен. Ова се прави со штиклирање на опцијата Search Visibility, која се наоѓа веднаш под опцијата Nickname. За да се уверите во функционалноста, пишете го псевдонимот bassinfusion и како резултат ќе го добиете Google+ профилот на сајтот Бас Инфузија.

Меѓутоа, бидејќи прво пробав да си ставам кириличен псевдоним, не успеав да се најдам со Google+ пребарувачот. Ова и не ме зачудува многу, бидејќи со пребарувачот на Google+ не можете да најдете ништо, освен корисници. Ова е малку чудно, со оглед на тоа што Google, пред сè, е интернет пребарувач.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top