„Корисни“ опции за вашата лента со задачи со Falcon10

Windows 10 е исклучително флексибилен оперативен систем кој е целосно отворен за дополнителни прилагодувања, особено доколку инсталирате алатки од трети лица.

Една таква алатка е и Falcon10. Со неа можете да направите промени во лентата со задачи (taskbar) на оперативниот систем и тоа на три уникатни начин за кои откако ќе чуете, би можеле да разберете зошто решивме да го ставиме зборот „корисни“ во наводници. Со Falcon10, иконите од лентата за задачи се преселуваат на средината од самата лента. Втората опција ви дозволува да го направите истото за копчето старт, а третата е целосно да ја скриете лентата за задачи. Иако гледаме некаква корисност за третата опција, која во одредена форма е присутна во оперативниот систем без инсталирање дополнителни алатки, навистина не гледаме практична причина за поставување на иконите на средина од ленатата. Како и да е, по покренување на алатката, се што треба да направите е да одберете една од трите опции и промените ќе бидат инстантно прифатени.

Пред да започнете со користењето на Falcon10 имајте во предвид за неколку рестрикции. Прво, Falcon10 одбива каква било послушност доколку сте еден од оние кои сакаат да им се наоѓа лентата со задачи на страна од екранот, односно во вертикална положба. Второ, ако работите на повеќе од еден монитор, промените ќе бидат имплементирани само на главниот екран, но не и на останатите.

Falcon10 е бесплатен за користење.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk