1 коментар 2 мин. читање 13 февруари, 2014

Апликација на денот: Со PushBullet веќе не мора да си праќате мејлови на самите себе

PushBullet е Android апликација која овозможува споделување на фајлови и линкови од Google Chrome на телефонот. Апликацијата се инсталира во два дела, како веб апликација на Chrome и Android апликација на телефонот. Најголема предност на апликацијата е едноставноста со која си ги препраќате фајловите или линковите.

Вообичаено доколку саката нешто што го гледате во прелистувачот да префрлите на телефон треба да си го препратите на имејл или на некое од складиштата како Dropbox или Google Drive. Со Push секој линк или фајл кој го испраќате веднаш доаѓа до телефонот и корисникот го добива како нотификација. Со одбирање на нотификациите корисникот одбира и апликација со која ќе го отвори фајлот, па така на пример за текст може да одбере Google Docs или сличен текст едитор. Па ако често си испраќате линкови или фајлови од десктоп на телефонот, испробајте го Pushbullet, за апликацијата е потребна Android 4.1 Jellybean верзија на оперативниот систем.

[youtube]jFLEM46Vltk[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Горјан Јовановски

Интересна алтернатива на Chrome to Phone додатокот кој иако беше послаб со опции, добрата страна е што работи и на Firefox со Fox to Phone додатокот

Мени
Заедница
Изглед
To top