0 коментари 1 мин. читање 24 септември, 2015

Концепт: Teслa дрон

Фрејзер Лид е индустриски инженер кој неодамна го претстави својот дрон кој пред се е наменет за снимање видеа. За разлика од Quadcopter моделите, Tesla дронот ќе доаѓа со нов дизајн, два мотори кој можат да работат паралелно или еден под друг.

Кога моторите се еден под друг дронот може мирно да „лебди“ и да снима видео или панорамски фотографии. При работа еден до друг дронот може да да лета побрзо, поедноставни се управување и поагилни при вртењето. Дронот доаѓа со 30МР камера, можност за снимање на 4К-видеои, но и ветување дека дизајнерот работи на продолжување на времето на лет. Со батерија од 10.000 mAh, Tesla може да лета 60 минути и да се полни 20.

За жал Tesla дронот во моментов е коцепт, но без сомневање ќе стигне до очите на производителите кои можеби ќе размислат дел од предлог решенијата да имплементираат и во своите беспилотни летала.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top