Основачот на Tesla и Space X повторно ја разлути Комисијата за хартии од вредност. Како и претходно причина е објава на неговиот твитер профил. Претходниот голем испад на Twitter го чинеше функцијата претседател на одборот и 20 милиони долари парична казна.
Tesla made 0 cars in 2011, but will make around 500k in 2019
— Elon Musk (@elonmusk) February 20, 2019
Комисијата за хартии од вредност побара Судот во Њујорк да побара одговорност од г. Маск за новиот твит. Во новата објава на микро-блогот, тој пишува
„Во 2011 Tesla произведе 0 возила, во 2019 ќе произведе речиси 500 000“.
Ова е во спротивност со претходниот договор, со кој г. Маск требаше да престане да објавува вести за Tesla од својот Twitter профил. Поточно секој твит поврзан со компанијата мораше да биде одобрен од некој од Tesla. За ова дури требаше да биде креирано и тело за надзор на објавите на г. Маск.
Комисијата тврди дека г. Маск не добил дозвола пред да го објави твитот. Според тоа тој го прекршил судскиот договор и треба да биде повикан на одговорност.
Ако заборавивте г. Маск беше обвинет за влијание врз берзата. Твитот, поточно неколку, беа најпрво во насока на приватизирање на Tesla, а потоа и дека средствата за приватизација се обезбедени. Тогаш експертите сметаа дека г. Маск дури добил и преблага казна.