{mosimage}Доколку сте корисник (т.е. зависник) на сервисот за микро-блогирање Twitter, апликацијата Qwitter навистина ќе биде интересна за вас. Qwitter е онлајн сервис создаден од компанијата Contrast кој по кратка регистрација (бара од вас само корисничко име и е-маил) ќе започне да го следи вашиот Twitter и неговите следбеници и ќе ве извести доколку некој од нив престане да го следи вашиот профил. Тоа ќе го направи директно преку е-маил и во него ќе ви посочи после кој пост корисникот го направил тоа.
Qwitter е одлична алатка со која ќе можете да приметите кога ќе ги преминете границите со вашето однесување и кога ќе налутите или навредите некој корисник кој дотогаш верувал дека вашите постови се интересни и имаат вредност.
{mosimage}






