Заклучно со 30 јуни 2018 година, во Македонија имало вкупно 1 942 364 претплатници на мобилна телефонија. Ова е во периодот кога Телекабел не беше мобилен оператор и важи само за трите оператори кои функционираа во овој период. Од почетокот на 2019 година Македонија има 4 мобилни оператори. По официјалните имиња тоа се: Македонски Телеком А.Д. Скопје, Оне.Вип ДООЕЛ Скопје, Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје и Роби ДООЕЛ Штип. Институт за развој на електронски комуникации за подобро информирање на корисниците направи компаративна анализа на секој пакет од секој оператор. Анализата е направена за мобилна и фиксна телефонија, но и за интернет услугите.
Мобилна телефонија
Оператор со најмногу корисници во овој период е оне.ВИП со 50,21 од претплатите, на второто место е Македонски Телеком со 47,55%, а последни се Лајкамобајл со 2,24%. Досега нема официјални податоци од бројот на корисници за Телекабел. Со оглед на тоа дека Телекабел како мобилен оператор постои едвај нешто повеќе од еден месец, ова веројатно е и разбирливо.
Минимални пакети
Разликата во цените и услугите е достапна во сите пакети, ова се забележува уште од основниот пакет на секој од провајдерите.
Кога минималните пакети на пост-пејд се во прашање најевтина е претплатата на новиот оператор Телекабел. Цената на пакетот е 300 денари и доаѓа со 200 минути разговор кон сите мрежи вклучувајќи го и Телекабел; цената на СМС порака е 3 денари и во пакетот влегува 1 GB интернет. Најмалиот пакет на ВИП е 500 денари, доаѓа со неограничен број на разговори кон сите мрежи,без вклучени СМС пораки и со вклучен 1,5 GB интернет сообраќај. Пакетот на Македонски Телеком е најскап, за 600 денари корисникот добива неограничени бесплатни разговори кон сите мрежи, неограничени СМС разговори кон броевите на Македонски Телеком и 300MB интернет сообраќај.
Средни пакети
Можеби помалку неочекувано, но ова е ценовниот ранг во кој се вклучени најголем дел од корисниците во Македонија.
Во овој ценовен ранг дел од услугите кои ги нудат Телеком и оне.ВИП се исти. Бесконечно импулси и СМС пораки и нудат и двата провајдери, ВИП на своите корисници им испорачува 5 GB, а Македонски Телеком 10 GB интернет (5GB се промотивни). Разликата е во цената која е 800 денари кај ВИП и 1000 денари на Телеком.
Значително поевтин е новиот оператор Телекабел. За 500 денари корисниците може да добијат бесплатни разговори и 10GB интернет, но СМС пораките се 3 денари.
Најголеми пакети
Во овој ранг речиси и да нема разлики во цените. Пакетот на оне.ВИП е 1 400 денари, а на другите 2 оператори 1 500 денари. Покрај бесплатните разговори, во овој ранг сите оператори нудат и бесплатни СМС пораки. Единствената разлика е во вклучениот интернет сообраќај. Корисниците на ВИП ќе добијат 20 GB интернет; на Телеком 10GB, а Телекабел има вклучен неограничен интернет.
Во овој пакет и оне.ВИП нуди и 50 минути меѓународен разговор, а Македонски Телеком 60 минути, но во пакетот е вклучен и бесплатен Max TV и SmartVideo.
Заклучок
Веројатно поинтересно од самите пакети е заклучок на Inerkom. Забелешката дека недостасува пакет во кој корисниците ќе можат сами да одберат што им е потребно се чини одлична. Дали во иднина ќе видиме пакет со избор на интернет, минути и пораки сепак зависи повеќе од операторите.
Интернет услуги
Во овој дел од пазарот има и повеќе конкуренција отколку во мобилната телефонија. Покрај Телеком, Вип и Телекабел, тука се и Неотел и куп помали локални кабелски оператори.
Кога оптичката мрежа е во прашање, три оператори имаат оптичка мрежа, Неотел, Телекабел и Телеком. Дел од мрежата на Телеком и ВИП се бакар и оптика, а ВИП и Телекабел имаат и Docsis мрежа. За своите услуги ВИП ја изнајмува и мрежата на Телеком, а ако нема покриеност истото го прави и Неотел.
Македонски Телеком
Кај корисниците преовладува мислењето дека интернет мрежата на Македонски Телеком е најдоверлива и веројатно најдобра. Операторот нуди четири пакети со различна брзина, но за среќа сите се си неограничен сообраќај.
Најмалиот пакет доаѓа за прилично високи 900 денари, и е со брзина од 8Mbps download/768Kbps upload.
Средниот М пакет има брзина од 12 Mbps download/768Kbps upload и чини 1000 денари.
Големиот L пакет е преку оптички интернет брзина е респектабилна од 50 Mbps download/50 Mbps upload. Цената на пакетот е 1 500 денари.
Најголемиот XL пакет доаѓа за високи 3 000 денари. Сепак и брзината е значително поголема од претходната симетрични 300 Mbps го прават овој еден од најдобрите пакети во Македонија.
Телекабел
За разлика од Телеком, Телекабел има 6 пакети. Два основни пакети за кабелски интернет и 4 пакети за оптички интернет. Дополнително, компанијата го има и најбрзиот пакет.
Ако пакетот Lightspeed кој чини 500 денари може да се оправда следниот пакет, WarpSpeed не може никако. Првиот за 500 денари нуди 30/1 Mbps, а вториот за 1 500 денари 25/2 Mbps. Брзината на качување е важна, но разликата сепак не е доволно голема за да оправда три пати повисока цена.
Оптичките пакети се друга приказна. Телекабел нуди оптички пакети по најниска цена и тоа без потпишување на долги договори. Најмалиот пакет Optic 20 е без никакви ограничувања на вкупниот сообраќај, а брзината е 20Mbps во двата правци. Optic 40 нуди 40Mbps за 1000 денари; Слично Optic 100 нуди 100Mbps за 2 500 денари. Optic 1000 e најголемиот интернет пакет во Македонија и за 3 500 денари нуди брзини од 1 Gbps.
Неотел
Неотел услугата ја нуди преку две технологии, Wi-Max мрежата сега е заменета со LTE мрежа и преку своја оптичка мрежа. Овој оператор, како и оне.Вип ја користи оптичката мрежа на Телеком или пак на локални кабелски оператори на местата каде немаат покриеност со сопствена мрежа. Компанијата нуди 2 LTE пакети, Net 20 и Net 30. Првиот е со брзина 20/2Mbps, а вториот 30/3 Mbps. Цената на пакетите е 800 и 1 000 денари. За оптички интернет има 3 пакети fiber 50,fiber 100 и fiber 300. Соодветно, брзините на интернетот се: fiber 50 – 50Mbps за 1.100 денари, fiber 100 – 100Mbps за 1.800 денари и fiber 300 – 300Mbps за 2.400 денари. Овие пакети иако изнајмуваат инфраструктура од Македонски Телеком се поевтини од истите пакети кои ги нуди оваа компанија, а пакетот од 100Mbps е најевтин во својата категорија.
оне.ВИП
Операторот Вип како основна мрежа ги користи коасијалните кабли со Euro Doscsis 3.0 стандардот и брзините за симнување му се движат од 30 до 150Mbps, додека пак за прикачување брзините се движат од 1 до 5Mbps зависно од пакетот.
Кабелскиот интернет на Вип доаѓа во два пакети: Vip Net neo S за 700 денари со брзини од 50/3Mbps и Vip Net neo M за 900 денари со брзина од 100/5Mbps. Како и Неотел, кога нема сопствена инфраструктура, Вип ја користи и мрежата од Македонски Телеком и тоа: Vip Net lite neo S за 700 денари со брзини од 10/1Mbps и Vip Net lite neo M за 900 денари со брзина од 16/1Mbps.
Интересно оне.Вип има поефтини пакети и поголеми брзини во споредба со Македонски Телеком иако ја користи нивната бакарна мрежа. Дополнително, Вип ја користи и оптичката мрежа со пакет Vip Net lite neo L со симетрични брзини од 40Mbps за 1.299 денари, што, исто така, е поефтино за околу 200 денари од оптичкиот пакет L на Телеком.
Заклучок
Очекувано пакетите на Македонски Телеком се најскапи, но во јавноста веројатно оправдано владее мислењето дека од оваа компанија ќе добијат најквалитетна услуга. Она што веројатно не е очекувано е дека најбрзиот пакет доаѓа од Телекабел, оваа компанија е единствена која нуди пакет од 1 Gbps откако Неотел и Македонски Телеком ги повлекоа овие пакети.
Во однос на интернет услугата, се работи за различни стандарди што операторите ги нудат, па така постојат Docsis стандардот кој го нудат Вип и Телекабел, понатаму бакарот кој го нуди првенствено Телеком, а истиот го изнајмува и на Вип. Најзастапен стандард кој се покажува и како најстабилен е оптиката, која ја нудат Телеком, Телекабел и Неотел. Операторите имаат претежно сопствена мрежа, со исклучок на Неотел кој ја користи и оптичката мрежа на Телеком, а истата оптичка мрежа ја користи и Вип во еден од своите пакети. Како последен стандард е безжичната 4G LTE мрежа, која ја користи Вип и сопствената што ја користи Неотел. Од понудата на пакетите може да се заклучи дека најевтин Docsis пакет има Телекабел со месечна претплата од 500 денари. Во поглед на пакети што користат бакарни кабли, најевтин пакет има Вип со 699 денари со брзина од 10Mbps наспроти Телеком со цена од 899 и брзина од 8Mbps.Кај оптиката, најевтин пакет има Телекабел со цена од 600 денари за симетрични брзини од 20Mbps. Ако ги споредиме пакетите со 50Mbps, најевтино го наплаќаат од Неотел за цена од 1.090 наспроти 1.499 од Телеком. Брзината од 100Mbps би ја добиле поевтино кај Неотел за 1.790 денари наспроти 2.500 денари кај Телекабел. Пакетите со симетрични 300Mbps се поевтини кај Неотел со цена од 2.390 денари додека пак кај Телеком истите би изнесувале 2.999 денари.
Безжичниот LTE интернет со брзина од 20Mbps за симнување е поевтин кај Вип и изнесува 599 денари наспроти пакетот од 790 денари кај Неотел.
Заклучокот од овие споредби на цените е дека операторите имаат тенденција за намалување на цените, но и воедно преминување на оптичка мрежа, додека останатите стандарди полека ги заменуваат. Цената на оптичкиот интернет постои можност уште да опаѓа, посебно кај операторите Телеком и Телекабел за да бидат поголема конкуренција на Неотел.
Повеќе податоци како и анализа на фиксната телефонија и ТВ понудите, како и тројните и пакетите со 4 услуги може да прочитате на ИНРЕКОМ.
Понудите се ужас, грабеж!
Во Холандија преку Т-мобајл(Simpel) имаш неограничени повици кон сите мобилни и фиксни оператори, 500 смс пораки и 5GB за само 10 евра месечно!!
А кај нас ем плати 5 пати помали а цени 10 пати поголеми. :(((
Pa ova e ludnica ne znam sto da kazam dami i gospoda za 15 denara dnevno vo polska imas neograniceno ko site operatori plus roaming od t mobile isto taka bezblatno za vnatresno u evropsk unija u tie 15 den dobivash 300 mb internet koj istotaka mozes u roaming da gi koristis. U slucaj ako ostrosis 300 mb mozes da aktiviras 1gb isto taka 15 den . Mamu vi ebam lopovska najmnogu makedonski telekom
Може за мене оптика 40 од Телекабел за 100 денари.
Апсолутно неточно дека се со неограничен сообраќај! Всушност, сообраќајот на Македонски Телеком има најмногу ограничувања.