Во ноември YouTube во одговор на барањата на Европската Унија објасни дека не постои начин компанијата да ги исполни барања на Законот за авторски права. Една од причините за ова се компликации со куп авторски права на видеата.
Проблемот кој го имаат дел од развивачите на видеоигри е веројатно добра илустрација за ова. Во креирање на што поверодостојно искуство креаторите на спортски симулации ги копираат и тетоважите на спортистите. Тука започнуваат проблемите бидејќи иако имаат права да го користат изгледот и името на спортистот, авторските права на тетоважите не се во сопственост на оние на кои се нацртани.
Авторските права за тетоважите, ги имаат уметниците кои ги нацртале. Прифатливо е покажувањето на тетоважите во јавноста, бидејќи ова и се подразбира и пред тетовирањето. Но, користењето во видеоигрите е новост. Ако се подразбира дека авторските права врз тетоважите на Леброн Џејмс му се отстапени на г. Џејмс, ова не е случај за дигиталните „аватари“ на спортистите. Поради ова користењето на оригиналните тетоважи е проблем.
Претставниците на спортистите кои преговараат за позајмување на нивните ликови во видеоигри, ги советуваат спортистите да побараат дозволи за лиценцирање, пренесе New York Times.
Најголема жртва на овој новитет е Леброн Џејмс. Компанијата Solid Oak Sketches ги откупи правата за пет тетоважи на три кошаркари, еден е г. Џејмс. Компанијата сега ги тужи креаторите на NBA 2K игрите за нарушување на авторски права. За оштета и дозвола за понатамошно користење Solid Oak Sketches бараат 2 милиони долари.
Леброн Џејмс ги поддржа креаторите на играта Take-Two и 2K Games:
„Моите тетоважи се дел од мене, и дел од мојот идентитет. Ако не сум прикажан со тетоважите тогаш тоа не сум јас“, вели кошаркарот.
Заговорниците на барања на авторски права велат дека сепак аватарот на Леброн не е Леброн, туку нацртана верзија.
Solid Oak Sketches и 2K Games спорот ќе го решаваат пред суд. Во 2013 THQ и креаторот на тетоважата UFC борецот Карлос Кондит пред Судот на Аризона имаа сличен спор. Тогаш артистот бараше над 4 милиони долари. Судијата пресуди дека авторските права му се нарушени, но процени дека ќе му бидат исплатени 22 500 долари.
[…] […]