Коj ги поседува правата за сликите генерирани од вештачка интелигенција?

Откако на крајот на јуни вештачката интелигенција за креирање слики Dall-E 2 влезе во отворена бета се отвори прашањето кој всушност ги поседува авторските права за генерираните слики. Се чини дека мислењата по ова прашање се драстично поделени – од една страна, едни сметаат дека тоа се крeаторите на Dall-E генераторот на слики и вештачката интелигенција, други пак дека носител на интелектуалната сопственост сепак е корисникот кој ја креира сликата со внесување на query и задавање на командата што да произведе вештачката интелигенција. Секако прашањето не се однесува единствено на Dall-E, туку на секоја вештачка интелигенција која има слична примена и продуцира некакво дело.

DALL·E 2 е вештачка интелигенција која може од детален текст со опис да креира слика. Ова е само една од функционалностите кои ги нуди вештачката интелигенција. Од описот: „Астронаут на врв на планина“, ќе биде генерира слика на човек во скафандер на врв на планина. Токму тоа што го внесуваме како влезен параметар.

На IT.mk/forum во темата Ваши AI синтетизирани слики и во темата за Dall-e има неколку одлични примери продуцирани од страна на членовите (влезниот параметар кој е внесен е во опис на сликата) користејќи го Midjourney и Dall-E:

God and devil playing poker in outer space, realistic (MidJourney)
Young Slavic woman, beautiful, Polish traditional dress, hyper realistic, extremely detailed, flower crown, intricate, colorful, Alfonse Mucha style, cultural dress, torso shot, portrait (Dall-E)
pyramides, cyberpunk, ultra realistic, 4k, octane render (MidJourney)
Skopje but it’s 2099 and it looks futuristic with flying cars, detailed (MidJourney)

Mona Lisa in modern style :LOL:(Dall-e)
Bender if he was a real person, studio photo (MidJourney_

Проблемот со Dall-E 2 не е преголем. Сервисот им гарантира на своите корисници дека можат да ја користат секоја содржина, имаат право да ја комерцијализираат, репродуцираат, продаваат, заработуваат. Сепак авторските права за сликите се во сопственост на Open AI.

„OpenAI ја задржува сопственоста на оригиналната слика првенствено за да можеме подобро да ја спроведеме нашата политика за содржина“, велат од Open AI за Venturebeat.

Со брзиот развојот на вештачката интелигенција и постојаната потреба за илустрирање при креирање на маркетинг кампањи секторот без сомневање ќе расте брзо. Ова значи многу пари, и потенцијал за големи судски спорови по прашање на сопственоста на авторските права. Конечното решавањето на проблемот ќе го добиеме подоцна. Веројатно кога два гиганти ќе се судрат во судски спор, и ќе ја добиеме првата одлука на судот.

Прашањето за авторството навистина е тешко да се одговори. Помалку наликува на „Кој е одговорен ако автономно возило направи сообраќајна незгода?“. Од една страна корисниците внесуваат минимален сет на влезни команди, а добиваат уметничко дело. Од друга страна авторите на овие дела можат да се бранат дека Dall-E не е ништо поразличен од фотоапарат кој се користи како алатка за креирање на сликите.

Поради тоа што провајдерите на вештачката интелигенција би можеле да имаат сопственост врз креираните дела дел од маркетинг агенциите треба да бидат претпазливи при изборот на вештачка интелигенција за креирање на кампањи, вели Џим Флин од Epstein Becker and Green. Најголемите маркетинг агенции кои сакаат да користат вештачка интелигенција за кампањи, веројатно ќе инвестираат во развој на сопствена вештачка интелигенција или ќе лиценцираат вештачка интелигенција на институционално ниво од API провајдер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix Global

QA Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk