Без преголемо кревање прашина, овогодишните Golden Joystick Awards 2018 тивко се провлекоа и, како ултимативни победници првенствено ги издвоија God of War и Red Dead Redemption 2. Некаде помеѓу нив, целосно предвидливо и како комшија кој на сите им здодеа, се провлече и Fortnite, а си отиде дома не само со награда за најдобра натпреварувачка игра, туку и со награда за ултимативна игра на годината.
Победниците на Golden Joystick Awards 2018:
Најдобра приказна – God of War
Најдобра натпреварувачка игра– Fortnite Battle Royale
Најдобра кооперативна игра – Monster Hunter: World
Најдобар визуелен дизајн – God of War
Најдобра независна игра – Dead Cells
Најдобро аудио – God of War
Игра која сѐ уште се игра– World of Tanks
Најдобра улога – Брајан Дичарт (како Конор од Detroit: Become Human)
Еспорт игра на годината – Overwatch
Најдобра VR игра– The Elder Scrolls 5: Skyrim VR
Студио на годината – SIE Santa Monica Studio
Најдобар нов стример – Брајан Дичарт и Амилија Роуз Блер
Мобилна игра на годината – PlayerUnknown’s Battlegrounds Mobile
PC игра на годината – Subnautica
PlayStation игра на годината – God of War
Xbox игра на годината – Forza Horizon 4
Nintendo игра на годината – Octopath Traveler
Награда за највпечатлив пробив– Unknown Worlds
Најпосакувана игра – Cyberpunk 2077
Награда за критички признаена игра – Red Dead Redemption 2
Доживотно достигнување – Hidetaka Miyazaki (FromSoftware)
Огромен допринес – Xbox Adaptive Controller
Ултимативна игра на годината – Fortnite Battle Royale