Минатиот викенд на 12 април жителите на Силициумската долина беа сведоци на интересен хактивизам. Неколку озвучени копчиња на семафори во Менло Парк, Пало Алто и Редвуд Сити „зборувале“ со гласот на Елон Маск и Марк Закерберг. Целиот проект наликува на хактивизам кој треба да ги предупреди сите за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција. Истовремено гласот за копчињата „го позајмија“ основачите на SpaceX и Facebook, кои веројатно повеќе не се омилени во Калифорнија.

Гласовите генерирани од вештачка интелигенција пренесуваа сатирични пораки кои имаа за цел да ги исмеваат технолошките гиганти Илон Маск и Марк Закерберг. Генерираните гласови звучеа доволно слични како гласовите на Маски и Закербер, а монолозите беа помалку бизарни.
Пораките кои го имитираа Илон Маск најчесто започнуваа со поздрав од Пало Алто, домот на Тесла, а потоа продолжуваа со коментари за неговата наводна осаменост и желба за прифаќање.
„Среќата со пари не се купува. Претпоставувам дека ова е вистина. Бог знае дека пробав. Ама со пари може да купиш Cybertruck, а тоа е супер, нели?“, вели гласот на Маск.
Пораките кои го имитираа Марк Закерберг често започнуваа со негово претставување како „Зак“, а потоа се фокусираа на темата за вештачката интелигенција. Во една порака „Марк“ зборува за неизбежното навлегување на вештачката интелигенција во секој аспект од животот и неможноста да се спречи тоа. Други пораки содржеа шеги за „поткопување на демократијата“ и испорачување „каша од вештачка интелигенција“.
„Нормално е да се чувствувате непријатно или дури и да бидете повредени додека насилно вметнуваме вештачка интелигенција во секој аспект од вашето свесно искуство“, вели едно копче на пешачкиот премин, кое беше хакнато за да звучи како Закерберг. „Само сакам да ве уверам, не треба да се грижите бидејќи апсолутно ништо не можете да направите за да го спречите тоа.“
Генерално, пораките беа духовити, сатирични и имаа за цел да ги исмеваат Маск и Закерберг, како и нивното влијание во технолошката индустрија. Дополнително една од пораките која треба да биде сфатена посериозно е опасноста од вештачката интелигенција и генерирањето на гласови.
Што се однесува за вештините на напаѓачот можеби и не се преголеми. Голем дел од овие копчиња имаат непроменети лозинки со кои доаѓаат од производителот. Хактивистите можеби и немаат некакво техничко познавање туку успеале да пронајдат оригиналните лозинки на копчиња. Овие копчиња се корисни за луѓето кои имаат пречки со видот или ако треба да слушнат аудио пораки.







