Кога провајдерите не сакаа, руралниот дел на САД сам се поврза на интернет

во feature, Вести

Нема заработка од градење на интернет мрежа во помалите места во рурална Америка. Поради ова големите интернет провајдери не се заинтересирани за инвестирање. Без избор, жителите на овие места самите се организираат и градат сопствена мрежа.

Неколку помали населени места лоцирани на фармите околу Апалачките ридови, самите креираат свој широкопојасен интернет, јави Motherboard. Околу 19 милиони жители на САД немаат пристап до широкопојасен интернет, кој во САД е дефиниран како 25 Mbs брзина на преземање и 3 Mbps аплоуд.

Личер Каунти во Кентаки е еден ваков пример. На 700 km2 живеат 25.000 жители. Пределот во најголем дел е див, но вака изгледаат речиси сите рударски места во рураланиот дел на САД.

„Ова е следната економска револуција за рударските градови. Поголемиот дел од железничките пруги се распаѓаат – револуцијата заврши. Сега сметаме дека дигиталната револуција го менува животот, исто како што тоа го правеше железницата“, вели Хари Колинс од Бордот за широкопојасен интернет од Личер Каунти.

Широкопојасниот интернет во руралните предели е потребен од попрактични причини, а не само за информирање. Луѓето можат да си закажат видео лекарски преглед, да се образуваат, да привлечат нови работници.

Планот е, доколку добијат грант од Одделот за агрокултура, да ги инвестираат средствата за пренос на интернет од Вајтсбург, кој е 16 километри подалеку. Потоа, домаќинствата со оптички кабли и антени ќе се поврзат до сигналот.

Пред неколку години слична беше и ситуацијата во делови од Мериленд. Природата е сурова во овој дел на САД. Самото преминување на Апалачките Планини и копање за поставање на оптички кабли е проблем. Поради ова, локалното население се организира и ги заобиколува планините. Најчесто оптичкиот кабел е закопан неколку сантиметри под асфалтот на автопатиштата, објаснува Роналд Браун од иницијатувата.

Целата на овие иницијативи е да биде покриено најмалку 90% од населението во овој предел. Во Гарет Каунти жителите во 2011 година се организираа и побараа интернет поврзувањето да биде врвен приоритет. Со иновативно решение успеаја да позајмат дел од телевизиските фреквенции за да го зголемат покривањето со Wi-Fi сигнал.

Досега најуспешната приказна за саморганизирање доаѓа од Кошон Каунти. Од 2008 до 2011 година бројот на интернет корисници порасна од 32 на 58%. Денес најголем дел, иако не сите жители, се покринени, но Гери Фишер од Кошон вели дека знаеле дека нема да можат да стигнат до сите 4.000 жители.

Денес г. Фишер ги едуцира луѓето како да ги привлечат локалните провајдери. Ако се организираат само седум домаќинства и еден од нив стави антена, интернет провајдерите ќе дојдат, вели г. Фишер.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments