Кога адовите ќе стивнат: рекламирање во време на блокчејн

Октомври, 2000та: Во Кентаки се случува најголемата еколошка катастрофа дотогаш направена, во Белград се протестира на големо против Милошевиќ, додека Google го пушта во употреба сервисот AdWords.

Ноември 2007ма: NASA го лансира Phoenix за да го истражува северниот пол на Марс, Израел ненајавено бомбардира нуклеарен реактор во Сирија, со што неофицијално започнува војната во оваа држава, а Mark Zuckerberg го запознава светот со Facebook Ads.

Октомври 2008ма: Џорџ Буш го потпишува итниот економски акт за стабилизација, како би се ставила крај на светската економска криза, Шведска нѐ запознава со Spotify, додека група на луѓе познати под псевдонимот Satoshi Nakamoto објавуваат труд во кој ја претставуваат дигиталната криптовалута Биткоин, под наслов: „Bitcoin: A Peer-to-Peer Electronic Cash System“.

Јули, 2018та: Apple Inc. станува првата јавна компанија со вредност од 1 милијарда долари, NASA ја лансира Parker Solar Probe која се очекува да го заобиколи Сонцето, a во меѓувреме Google, Facebook и Twitter ги повлекуваат забраните за реклами поврзани со криптовалути и ICO.

Имено, во Јануари 2018та, гигантот Facebook објави дека воведува бројни промени во областа на маркетингот, сѐ со цел да ја заштити пошироката јавност од ширење лажни вести и финансиски измами. Два месеци потоа, во Март 2018, следеше и најавата од Google, кои исто како и Facebook, најавија забрана на реклами поврзани со бинарни опции, крипто валути, ICO, крипто паричници и крипто трговија. Не многу подоцна, и Twitter ја најавија истата промена.

Топло-ладната врска на Facebook и блокчејн

„Сакаме луѓето да продолжат да учат и откриваат нови сервиси и продукти преку Facebook без страв од измами” -изјави Rob Lethern, продукт директорот на Facebook. „Има многу компании кои рекламираат бинарни опции, ICO и криптовалути за кои веруваме дека се финансиска манипулација.”

Leathern рече дека полисата била намерно составена да биде општа и не толку прецизна и најави дека ќе биде повторно разгледана со текот на времето, откако Facebook ќе обезбеди подобра детекција на лажни и сомнителни реклами за криптовалутите.

Неколку месеци подоцна, кон крајот на Јуни 2018та, Facebook ја тргна забраната за рекламирање на криптовалути за неколку блочкејн компании и сервиси. Имено, компаниите кои промовираат крипто продукти сега треба да поминат низ процес на апликација за рекламирање на оваа социјална мрежа, и доколку докажат дека не се работи за финансиска измама, повторно ќе им се обезбеди можност за рекламирање. Секако, рекламите кои содржат бинарни опции и ICO сѐ уште се забранети.

Не е тешко да видиме зошто Facebook го направи ова: Блокчејн индустријата е интересна и брзорастечка, и од ден на ден се повеќе ја проширува својата фан база. И се додека не се работи за лажни криптовалути и финансиски измами, конекцијата меѓу блокчејн компаниите и блокчејн ентузијастите би означувала огромен профит за Facebook.

Од друга страна пак, Facebook воопшто не е првиот избор на блокчејн компаниите, кога станува збор за маркетинг. Имено, нивната таргет публика ретко ќе ја најдете на оваа социјална мрежа. Е сега, како следно и неизбежно, се наметнува прашањето:

На кој начин се промовираат блокчејн компаниите?

Да се вратиме назад во 2008ма. Како светот дозна за Bitcoin? „Satoshi Nakamoto” јавно го објавија својот научен труд. Никаде не видовме Facebook реклама или suggested post. Ниту пак банер. Ниту пак тие ни ги спамираа email сандачињата. Тие го испромовираа својот производ директно на таргетираната публика, онаков како што е, со сите свои предности и маани, и за прв пат ја отворија сѐ уште популарната тема на дискусија: криптовалути. Истото се случи и со Etherium, Zilliqa и Litecoin.

Формирање крипто-заедници на Reddit, Medium, Quora, Slack и Telegram. Првото правило за успешна маркетинг стратегија на овие медиуми, за оние кои сакаат да ја едуцираат и инволвираат публиката во своите проекти е: придонесување со вредна и свежа содржина. Повеќето блокчејн стартапи тука не се потпираат на инвеститори и советници кои треба да зборуваат за нивните проекти, туку се концентрираат на сопствените истражувања и ги поттикнуваат самите девелопери да се вклучуваат во продуктивни дискусии преку кои не само што би ги промовирале своите продукти, туку и би го покажале своето познавање и авторитет на темата.

Амплифицирани содржини: Содржините кои ги објавуваат блокчејн компаниите најчесто се истражувања и научни трудови за нивните продукти, најави за проекти и сумирање впечатоци од посетени настани. Секако, постојат уште безброј други теми на кои зборуваат и пишуваат, меѓутоа ова се најчестите три типа на содржини преку кои се промовираат. Секако, како најмасовна мрежа за споделување на овие содржини е Medium, меѓутоа постојат и други, дискутабилно подобри платформи за споделување содржини, меѓу кои е и Outbrain. Steem е исто така корисна платформа за споделување содржина, а најинтересно е тоа што самата платформа е базирана на блокчејн технологија.

Github: „Open sourcing” на кодови  е одличен начин на кој компаниите вклучуваат и други девелопери во своите проекти, и на тој начин добиваат конструктивен фидбек за текот на проектот, но и шират brand awareness меѓу девелоперите.

Twitter: Забраната за рекламирање на оваа социјална мрежа во никој случај не ги замолчи блокчејн експертите и нивната публика. Всушност, баш спротивно на тоа, ги направи погласни и поприсутни. Одличен пример за ова е неговото Крипто-височество, Vitalik Buterin. Доколку последниве 3 години сте биле во кома и не сте слушнале за него, Buterin е човекот кој во 2015та го основаше Ethereum Blockchain. Неговата Tвитер стратегија вклучува влегување во дискусии, промовирање помали блокчејн стартапи и секако, начнување на интересни теми од сите слоеви  на блокчејн технологијата.

Airdrops:  Тука не станува збор за Airdrop сервисот на iOS, туку за сервисот за дистрибуција на токени. Airdrops е одличен начин за промовирање на нови, но и за засилување на дистрибуирањето на веќе пласираните токени.

Препораки: Звучи премногу очигледно и вообичаено, но мора да напоменеме дека refferal маркетинг стратегиите на блокчејн стартапите се дел од јадрото на нивниот успех. Dropbox и Spotify го запознаа модерниот маркетинг со стратегијата на препорачување и следејќи го нивниот успех, блокчејн компаниите ја практикуваат стратегијата за наградување на нивните потенцијални клиенти доколку им донесат нови корисници.

PR: Добивање на внимание од саканата публика е тешко за сите компании кои се во својот зачеток, и токму затоа блокчејн стартапите посегнуваат кон PR експерти. Тие се тука да го добијат и задржат интересот на новинарите, блогерите и крипто-инфлуенсерите.

Bounty Bugs: Ова е еден од поинтересните начини на кој блокчејн компаниите го ловат интересот на својата публика. Објавуваат награда (која најчесто ја исплаќаат во криптовалути) за корисниците кои ќе им помогнат во дебагирање на сервисот.

Крипто-настани: Доколку сме сигурни дека постои нешто што оваа индустрија го има во изобилие, тоа се настани. Буквално секој ден, во некој агол на светот, има некоја конференција, собир или хакатон на тема блокчејн. Иако е буквално невозможно за еден блокчејн стартап да биде присутен на сите настани, најдобрите практики диктираат посетување на вакви настани барем еднаш месечно. Како најпопуларни но и содржински најквалитетни се издвојуваат: DIBS (Dubai International Blockchain Summit), Korea Blockchain Wee и Blockchain Conference: Silicon Valley.

Спонзорирани подкасти: Има две можности за блокчејн стартапите да се промовираат во подкасти. Првата опција е да се појават како спонзори на подкастот, што е супер за ширење brand awareness, но не и за понатамошно запознавање на публиката со вреднoста на нивниот продукт. За таа цел, тие настојуваат да бидат спомнати органски и спонтано, во содржината на подкастот. Најпопуларен блокчејн подкаст е Unchained, на едиторката на Forbes, Laura Shin. Од останатите, како поинтересни би ги напоменале: The Crunch Podcast, a16z и Epicenter.

Која е иднината на блокчејн маркетингот?

Првото нешто за кое мора да бидеме свесни е дека сѐ уште постои недостаток на свесност и разбирање од страна на пошироката јавност, кога станува збор за виртуелни валути и децентрализиран систем на складирање податоци. Иако „блокчејн” и „крипто” се моментално најпопуларните и најупотребуваните зборови во дигиталниот свет, реалноста е дека малку луѓе во целост ги разбираат.

Постои потреба од едукација за концептот на оваа технологија, бидејќи едноставно, доколку некој не го разбира концептот, тој не може да оформи мислење. A доколку не може да оформи мислење, не може ни да верува во вредноста, во случајов на блокчејн технологијата.

Блокчејн експертите се свесни за ова потреба, и затоа, наместо да се „натураат“ на сајбер-просторот со реклами, тие својата мисија ја вртат кон едуцирање на публиката. Токму затоа, нив најчесто ги наоѓаме на места каде што директно можат да дискутираат со публиката, да едуцираат и да дадат свое лично мислење и придонес, да одговорат на прашања и директно да ја вклучат публиката “во живо” во своите проекти.

Од друга страна пак, во меѓувреме масовно се појавуваат блокчејн платформи за рекламирање, меѓу кои вниманието особено ни го фатија Qchain, Аdhive, AdEx и Native Video Box. Останува да бидеме во тек и видиме дали овие адвертајзинг платформи ќе го преземат водството во дигиталниот маркетинг, или гигантите Google и Facebook нема да се предадат и ќе прејдат во #крипто.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk