0 коментари 2 мин. читање 14 октомври, 2008

Книгите ќе опстанат

{mosimage}Познатиот писател Пaуло Куељо, на саемот за книга во Франкфурт рече дека го подржува издавањето на бесплатни онлајн книги. Куељо кој ги има продадено своите книги во милионски количини веќе со години објавува „бесплатни” онлајн верзии од своите дела и верува дека тоа ја зголемило популарноста и нивната продажба.

Читателот ќе прочита неколку страници, и ќе рече, Боже, многу е полесно да купам книга отколку да ја читам на екран – така тој оди и ја купува книгата – рече Куељо.

„Алхемичарот“ додаде и дека „мрежата наметнува нов начин на споделување и дека и го предизвикува стариот економски модел“.

{mosimage}

Постои и сајт Pirate Coelho за симнување на неговите книги.

Нема ништо лошо со тоа… Плус му се допаѓа тоа што го правам. Ако не ми верувате проверете самите – пишува авторот на Pirate Coelhо и линка до официјалниот сајт на Куељо од кој можат да се симнат .pdf верзии на книгите на „алхемичарот“.

Инаку Куељо е фан на интернетот и секојдневно е онлајн и ги користите сервисите како Flickr, MySpace а можете и да го посетите на неговиот блог Paulocoelhoblog.com.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top