Кинески фармери на злато

во Веб

{mosimage}Веќе подолго време е познато дека во Кина се негува професија која за многумина е најдобрата на свет, но на кинезите кои играат видео игри по цел ден и собираат виртуелно злато кое потоа го продаваат на други играчи, баш и не се многу среќни од таа работа. „Ова е исто како да работиш во фабрика, разликата е што ова е виртуелен свет. Условите се тешки, немаме слободни викенди и имаме само 1 ден слободен во месец. Но споредено со други работи, добро е. Немам други вештини и уживам да играм понекогаш“ вели фармерот Ли Хуа за англискиот весник Guardian, кој објави текст во кој се опишуваат условите во кои тие луѓе работат во мали канцеларии надвор од Шангша, Кина, во 10 часовни смени. „Ли е само еден од стотината вработени во Wow7gold, интернет компанија што прави повеќе од 1 милион евра“ пишува весникот.

Фармерите на злато се вообичаено нешто во онлајн масивните мултиплеери (ММО), посебно во World of Warcraft и Warhammer:Online. Во овие две игри фармерите едноставно убиваат чудовишта, животни и други виртуелни карактери од кои испаѓа злато како и други виртуелни предмети кои им се потребни на играчите.

Развојот на овие фарми се појави од едноставна причина што во овие игри не можат да се користат ботови (програм кој сам го контролира ликот во играта и следи претходно напишани рути и наредби). Затоа се појавија кинеските фармери кои својот плен го продаваат на другите 12 милиони играчи, колку што има World of Warcraft.

{mosimage}

Фармерите на злато заработуваат по 90 до 130 евра месечно, пишува англискиот весник. Според извештај на Ричард Хикс од Универзитетот во Манчестер има отприлика 400.000 азиски фармери во бизнис кој достигнува до ~780 милиони евра годишно.

А зошто гејмерите купуваат злато? Guardian го праша Џејми ел-Бана, 24 годишен гејмер од Велика Британија. „Причината за која луѓето купуваат злато е истата поради која луѓето плаќаат да им се измие колата – поарно им е да потрошат пари него да го направат тоа самите“ вели ел-Бана. “Може да поминете време да фармате злато, да кажеме, 20 вистински часа. Или може да отидете на работа два часа и да ги заработите пари да го купите тоа злато. Вратете се назад неколку години и работата која ги вклучуваше компјутерите беше вешта работа. Денес, тастатурите и маусот се новите плугови и српови.“

Целиот текст на Guardian можете да го прочитате тука.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments