0 коментари 1 мин. читање

Kина предложи помирување со САД околу сајбер нападите

Кина предложи разговори со САД за отворените прашање за сајбер безбедност, јавува Reuters. Додавајќи дека сајбер безбедноста е глобално прашање и токму тие се една од најголемите жртви на овие напади.

„Кина е подготвена врз основа на принципот на меѓусебно почитување и доверба да започне конструктивен дијалог и соработка околу ова прашање со меѓународната заедница вклучувајчи ги САД за безбедноста, отвореноста и мирот на Интернет.“, предлага Министерството за надворешни работи на Кина.

Иако САД тврди дека владини и коорпоративни локации се цел на сајбер напади од Кина, Кинезите тврдат дека кога е во прашање сајбер безбедноста и тие се во иста позиција со САД. Во изминатиот месец две воени постројки на Народната армија биле цел на 140.000 напади. Да не биде понудата целосно пријателска се погрижи Ванг Нагуанг од Народната Армија на Кина кој ги посочи САД како крадци. Тој тврди и дека Кина треба да ги развива својте хакерски способности.

Непријатните тонови во разговорите помеѓу двете држави не се новост, но се разжештија по објавата на Mandiant, кои тврдеа дека медиуми, електрани и владини локации се цел на напади кои доаѓаат од Пекинг. Сајбер нападите се еден од проблемите во односите помеѓу овие две држави, а се очекува наскоро администрацијата на Обама да излезе со поостар „предлог“ кој ќе се однесува на сајбер безбедноста.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top