0 коментари 2 мин. читање 7 ноември, 2016

Кина лансира нов инвестициски фонд за Централна и Источна Европа

На лидерската средба на премиерите од Централна и Источна Европа, кинескиот премиер Ли Кекианг најави отворање на нов инвестициски фонд. Фондот ќе финансира проекти во Централна и Источна Еврпа, а поддржан е од Индустриската и комерцијална банка на Кина.

„Тежината“ на фондот е 10 милијарди евра. Целта на фондот е да собере финансии во вредност од 50 милијарди евра во различни сектори. Средствата ќе бидат користени за финансирање на инфраструктурни проекти, проекти од производство висока технологија и стока за широка потрошувачка.

Фондот ќе биде раководен од Sino-CEE Financial Holdings Ltd, компанија која банката ја основа оваа година за оваа немена. Иако финансиите се од буџетот на Кина, сепак инвестициите ќе ги води пазарот. Официјално фондот е презентиран на самитот кој се одржува во Рига.

Државите во кои ќе инвестира фондот се од интерес на Кина, и се своевиден модерен пат на свилата, вели Reuters. Германија е еден од противниците на експанзијата на Кина во Европската Унија, па ќе биде интересно да се види одговорот на најголемата европска економија.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top