Ким Дотком работи на нов Mega проект

2 коментари 1 мин. читање

Основачот на Megaupload, работи на нова глобална мрежа која според него ќе го сврти светот наопаку. Иако ја изгуби компанијата низ која поминуваше дури 4 проценти од интернет сообраќајот, Ким Дотком не отстапува од своите идеи и премногу самоуверено пристапува кон својот нов проект.

„Mega API ќе пружи неверојатно можност. Нашето API и вашите Mega алатки ќе го променат светот“, вели тој за новата мрежа која смета дека ќе биде подобра и побрза, отколку што некогаш сме виделе.

Г. Дотком ги повика сите луѓе кои се занимаваат со имејл и факс алатките, VoIP и видео апликациите да се пријават кај него со цел да им овозможи пристап во раните верзии на API-то, така што новата мрежа би можела да се прошири повеќе, отколку самото споделување на датотеки.

Mega сервисот ќе содржи „one-click“ енкрипција, високо ниво на приватност, и сето тоа по цена од 0 долари.

„Малтретираа погрешен човек. Ќе го свртам светот наопаку. Моќта на луѓето! Збогум на ешалонот! Здраво на слободата!“, заврши Дотком.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед