1 коментар 1 мин. читање

Ќе може ли да го направиме најголемиот албум во светот, со 1 милион селфија?

Теди Пејоски и Митко Цабевски, кои ги знаеме како основачи на G6 и u:Plug, стартуваат нов проект – The World of Selfie. Идејата е да се реплицира сајтот од милион пиксели, но со еден милион селфи-фотографиии кои потоа ќе се спакуваат во албум. Идејата е да се остави лично обележје на интернет, како што го правиме тоа денес со фотографии за да му се претставиме на светот. „Селфито е обележје на нашето време“, вели Теди. „Затоа и го стартуваме проектот од 1 милион селфија за секој да може да остави своја лична ознака, и да покаже дека светот е поповрзан преку својата разновидност“.

Сајтот е најдобро да го отворите преку мобилен телефон и веднаш да закачите фотографија. Првите 10.000 селфија ќе бидат објавени бесплатно, потоа ќе се наплаќа симболична сума. Но, сите корисници ќе добијат дигитален албум, доколку се разбира, проектот биде успешен и стигне до 1 милион фотографии.

Ca9LP-WUAAAB2oQ

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top