Прогласувањето на Letz за Бот на годината на Product Hunt придонесе да подзаборавиме на останатите категории. Сепак, и во преостанатите категории имаше супер интересни платформи, производи и апликации. Се чини ниту еден не е поинтересен од Plug N’ Plant „инкубаторот“ за канабис Leaf.
Leaf е најверојатно е еден од најчудните и истовремено најинтересните производи кои сме ги виделе во поново време. Со оглед на тоа дека станува автоматизиран „инкубатор“ за раст на медицински канабис секако не е без контраверза.
Производот е наменет за лица кои имаат потреба поради здравствени проблеми да конзумираат канабис. Иако најверојатно ова нема да ги спречи и оние кои рекреативно користат канабис да бидат заинтересирани за Leaf.
Станува збор за паметна кутија со големина на фрижидер во која се сместени најразлични хранливи состојки потребни за раст и развој на растението. Сѐ од светлото до водата се контролира и управува преку паметен телефон. Корисникот единствено треба да се активира за поткастрување и да направи промени за сушење. Стартапот зад Leaf го прилагоди уредот за медицински канабис. Со овој уред цената на медицинкиот канабис за 3-4 месеци се намалува од 1.200 – 1.500 на 150 – 200 американски долари.
Секако уредот е наменет единствено за пазари на кои е дозволена употреба и одгледување на канабис.
Leaf е добитник на главната награда во категоријата хардвер, каде го победи Microsoft Surface Studio.
Eве дел од останатите победници:
- Технолошки продукт на годината: Gboard – Google
- Најсекси производ: Tesla Model S P 100D – Tesla Motors
- Откритие на годината: Tesla Solar Roof – Tesla
- Мобилна апликација: Tiny Card – Duolingo
- Десктоп апликација: Franz







