Робот ровер вооружен со ласер постојано патролира во Мохаве. Звучи на почетна сцена од ниско-буџетен научно фантастичен филм, но роботот всушност е таму за ја заштити пустинската желка. Guardian Angel е ровер кој е развиен во лабораторијата Hardshell, и треба да ја заштити популацијата на желки, истовремено да им овозожи на луѓето да погледнат во пустината.
„Ако поставиме уреди кои гледаат кон планетата, луѓето ќе се заљубат“.
Пустинската желка од Мохаве е еден од видовите на листата на загрозени животни. Опасноста за желките доаѓа од гавраните кои вообичаено не доаѓаат до пустината, но урбанизацијата го доведе ѓубрето подалеку во пустината, а со тоа и гавраните. Гавраните не се опасни за возрасните желки, но ги јадат младите.
Роботот е создаден да не им пречи на желките, но гавраните не го поднесуваат. Идејата е на Тим Шилдс кој пред роверот самиот постојано патролираше по пустината. „32 години гледав како гавраните го уништуваат моето омилено животно.“, вели г. Шилдс.
За среќа гавраните се паметни животни. Не ги сакаат роверите и не се приближуваат кога се во близина. Роверот е дело на Hardshell лабораторијата, а финансиран преку Kickstarter кампања. Сега тимот работи на усовршување на моделот, новиот робот треба да може да се контролира преку Интернет. Иако главна опасност за младите желки во моментов се гавраните, постојана опасност се луѓето. Преку камерата секој може да ги погледа желките и да биде поблиску до овие животни кои сега се загрозени. Со ова луѓето ќе можат да ги пронајдат и да ги набљудуваат желките, а со тоа и да се заинтересираат за нивниот опстанок.
Новата верзија на роверот треба да дојде „вооружена“ со ласер. Засега се тестира влијанието на ласерот и опасноста за птиците. Во моментов нема докажана опасност, но тимот сака да биде сигурен во ова. Следниот чекор е создавање на апликација за паметен телефон со кој набљудувачот ќе има контрола врз ласерот и ќе може да ги брка гавраните.
Главна цел на г. Шилдс е Guardian Angel роверот да им овозможи на луѓето да ја видат планетата на која живеат и притоа да спасат неколку желки, јави Motherboard.







