Затворска казна од петнаесет години го очекува двајцата креатори на софтвер кој автоматизирано пребарува и ги пробива приватните албуми на жените и ги собира сликите со голотија. Барндон Бурет и Атанасиос Андианакис се уапсени во петок и обвинети за креирање на софтверот наречен Photofucked, јави Business Insider. Американскиот DoJ јави дека и покрај подигање на обвинувањето, обвинетите во моментов ја задржуваат презумцијата на невиност до носење на правосилната одлука.
Photofucked е софтвер кој пребарува по Photobucket за скриени фотографии. Со оглед на тоа дека Photobucket е дел од MySpace од времето кога MySpace беше една од најпопуларните мрежи и голем дел од сликите се зачувани оттогаш. „Алатката работи со fusking на URL за да ги открие линковите до приватните фотографии. Fusking e акт на лоцирање на вебстрани или профили за кој знаете дека постојат, и нивно понатамошно откривање ењку нагаѓање на интернет адресите. Алатката пробува куп URL менувајќи дати или бројки додека не открие линк до скриените фотографии“, објаснува Business Insider. Дел од дискусиите околу Photofucked наведуваат дека оваа пракса постои со години и всушност е поголем проблем отколку што се претпоставува.







