Софтверот за анимација и слична технологија значително го олеснија креирањето на најавни тв шпици. Пред околу 50 години за креирање на логоата (иденти) се користеа и снимаа, физички објекти. Неодамна This is Colossal не потсети на повеќе вакви креации.
Причината за креирање на физички логоа (иденти), а не користењето на слики е едноставна. Со користење на 3Д-лого се избегнува статичност и може да се користат различни светлосни ефекти. Дополнитело, со почетоците на емитувањето во живо, веќе била утврдена пракса да се користат физички логоа.
На пример, француската телевизија ORTF своето лого за „EuroVision“ го креираше како физичка инсталација. Идентот е креиран од стотици жици на кои се прицврстени буквите, а во средината „лебди“ логото на телевизијата. Во текот на снимањето тресењето на жиците креираше динамички ефект.
Time to dig this out again! The Eurovision ident used to be made of string (bottom pic 1954). #Eurovision2017 #ESC2017 pic.twitter.com/spaaRUCA9s
— Andrew Wiseman (@aswiseman) May 13, 2017
Едно од најпрепознатливите динамички логоа е креирано за потребите на филмската индустрија. Goldwyn Pictures за креирање на динамичко лого од 1916 година го сними првото црно-бело лого со лав околу кој е поставена рамката со податоци. Логото за првпат се појави во филмот „He Who Gets Slapped“, во 1924 година.
Едно од најинтересните логоа кое е креирано доаѓа од BBC. Телевизијата користеше ротирачки глобус зад кој има сместено огледало и истиот го снимаше со камера за својата најавна шпица.
Можеби поимпресивен е уште еден модел на BBC, познат како „крилја“. Абрахам Гејмс е дизајнер на логото, а физичката изведба е на Џони Џонсон. Изработката е посложена и за ротацијата се користи посложен механизам.

Image: https://www.transdiffusion.org/2003/12/01/symbol
Една од најобемните физички макети кои се користеле во најавни шпици е креирана од HBO. Телевизијата за својот модел креира целосен модел на уникатно рачно изработен и украсен град. Секоја од куќите во макетата е рачно изработена и обоена, а рачно се изработени и најситните детали како минијатурните саксии со цвеќе.
Физичкото креирање на иденти во ретки случаи се користи и денес. Можеби не знаете, но најавната шпица на хит серијата „Stranger Things“ за да го долови ретро ефектот користи технологија од седумдесеттите. Дизајнерите креираат букви на „фолија“ а потоа фрејм по фрејм ја снимаа светлината која ги пробива овие модели.







