Европскиот парламент со поддршка за „end-to-end“ криптирање

Европскиот парламент со нацрт закон изрази поддршка за технологиите кои ќе овоможат безбеден онлајн сообраќај што нема да може да се прислушува. Ова ќе овозможи побезбедна комуникација и поголема онлајн безбедност за жителите на Унијата.

„Принципот на доверливост треба да се применува на сегашните и идните средства за комуникација, вклучувајќи ги повиците, интернет пристапот, инстант пораките, електронската пошта, интернет телефонски повици и личните пораки преку друштвените мрежи“, пишува во образложението на нацртот од Комитетот на Европскиот парламент за граѓански Слободи, правда и внатрешни работи.

Нацрт законот предвидува приватност и заштита на личните податоци не само од хакерите, туку и од владините агенции. Унијата оди чекор понатаму и најавува можна целосна забрана на пристап од задна врата (backdoor), јави BBC. Ова најмногу се однесува на апликациите за размена на текстуални пораки како Viber, WhatsApp или Telegram.

Определбата на Европската Унија е потполно различна од барањата на повеќе држави. САД, Бразил и Велика Британија, се дел од државите кои бараат непречен пристап до разговорите, секако со судски налог. Законот кој ги предлага Европскиот парламент, ќе го оневозможи ова, дури и при добра волја на развивачите на апликациите.

Во меѓувреме членката на Унијата која се подготвува за излегување, Британија, се обидува да го направи обратното. По терористичките напад во Лондон и Манчестер, Британија се обидува да воведе контрола на интернет. Властите бараат можност да следат комуникација на Google, Facebook, Twitter, апликации за разговор и имејл комуникација.

По нападот од Сан Бернандино, агенциите во САД побараа пристап и „задна врата“ до iOS.  Apple тогаш одби да го овозможи ова, нo агенцијата стигна до податоците од телефонот на напаѓачот.

Пред околу една година во Бразил беше уапсен локалниот директор на Facebook, Диего Џордан кој со влaстите во Бразил, не ги сподели податоците од телефонот на обвинетиот трговец со наркотици. Објаснувањето во овој случај беше дека компанијата нема можност да го пробие криптирањето на WhatsApp.

Како компаниите ќе успеат да ги усогласат овие сосем различни барања во идинина останува да видиме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk