Како промените во Google Chrome го променија интернетот уште пред да бидат имплементирани

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Ништо не е поголема мотивација за поправање на еден сервис од можноста потполно да ги загубите средствата кои доаѓаат од истиот. Минатата недела Google преку надградба на прелистувачот Chrome започна да блокира реклами на страници кои прикажуваа премногу и прездодевни реклами.

Компанијата од поодамна ги најави промените, па истите не треба да се изненадување за никој.

Во декември 2017 година, 64.72% од вкупниот број на интернет корисници го користеле Chrome за пристапување на страници. На второ место е Firefox сo 12.21%. Ова треба да биде најдобар показател за тоа зошто веб-страниците мора да ги променат неприфатливите реклами.

Она што е карактеристично за забраната е дека Chrome е навистина ригорозен. Прелистувачот ги отстранува сите реклами, не само оние кои се неприфатливи, ве казнува така што ќе ви ги отстрани дури и рекламите од сервисот на Google.

Сепак, бројот на страници кои се „казнети“ со промените и не е така голем. Од 100.000 најпопуларни страници во САД и Европа, помалку од 1% ќе бидат казнети, пишува Wired.

Еден дел од промените се случија уште пред Google да ја претстави надградбата на Chrome. Google ги предупреди страниците за казните, а 42% ги направија потребните промени. Со ова изгледот на интернетот беше променет уште пред воопшто да биде активна надградбата на Chrome.

Она што можеби е зачудувачко е што со промените Google си прави штета и сам на себе. Компанијата ги отстранува и сопствените реклами и со тоа си носи загуби. Сепак, во Google се надеваат дека со поприфатливи реклами дел од корисниците ќе престанат да користат софтвер за блокирање реклами, па оттука ќе си ги вратат парите.

Што ќе се случува со новата промена?

  • Секој веб сајт кој ќе ги наруши правилата за огласи/релами ќе биде известен од Google за истото.
  • Потоа има 30 дена да ги отстрани сите проблеми со рекламите и да ги надминие прекршувањата кои ги посочил Google.
  • Ако проблемите не се надминати по 30 дена Google ќе започне да ги отстранува рекламите кои ќе ги препознае.

Први реакции

Првите реакции се позитивни, но дел од асоцијациите за маркетинг изразуваат загриженост.

Помалите агенции се загрижени дека Google има големо влијание во креирањето на политиките. Како пример се посочени видео рекламите на YouTube кои се интрузивни, но нема да бидат филтрирани од Chrome.

„Се согласувам со духот на CBA, нема сомневање дека е потребно да обезбедиме подобро искуство за корисниците на интернет. За жал, дел од спецификата на имплеменацијата, пред се, околу користената методологија за истражување е далеку од идеална“, вели Марк Гулдиман од стартапот Parsec, за CNBC.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk