Кинеската полиција успеа да препознае бегалец помеѓу 60 000 посетители на концертот на кинеската поп ѕвезда, Џеки Чеунг. Сепак, полицијата имала огромна помош од вештачката интелигенција која го препозна 31 годишниот престапник.
Во неговото пронаоѓање беше искористена технологија за препознавање на ликови. Технологијата успешно го препозна 31 годишниот г.Ао, иако се наоѓал на 100 километри од градот во кој живее. Потоа полицијата го заобиколи и го приведе, јави кинескиот портал Ecns.
„Осомничениот беше изненадеш што го пронајдовме помеѓу десетици илјади присутни“, вели Ли Џин полицаец од Нанчанг.
Се чини дека кинеската полиција ја користи оваа технологија на сите помасовни настани. Камерите овој пат биле поставени на влезот и ги скенирале ликовите на посетителите. Овие камери се поврзани со базата на податоци на полицијата, каде се анализираат сликите.
Системот кој е користен може да направи пресметки за бројот на присутни, но и да ги идентификува присутните.
Ова не е прв пат кинеската полиција да ги користи системите за препознавање на ликови. Во август истиот систем е користен и на Qingdao International Beer Festival. Тогаш полицијата приведе 25 бегалци.







