Facebook се збогати со видео чет кој е поддржан од Skype. Овој новитет овозможува Facebook корисниците да се гледаат додека разговараат. Се разбира ова значи и нов изглед на чет опцијата, која сега се појавува како странична „лента“ од десната страна која ги содржи сите ваши онлајн контакти, тие што се онлајн се означени со зелено топче, а има и други за кои Facebook смета дека често четувате со нив.
Можеби е новитет, но на повеќето корисници не им се допаѓа овој нов изглед. Страничната лента/бар е навистина непотребна и само го затрупува и така преполниот простор. Добрата вест е тоа што може да се тргне, избегне и направи помалку иритирачки.
Eдноставното решение е да стиснете на копчето за конфигурација, кое се наоѓа веднаш под лентата, и ќе ви се појави поле со неколку опции. Во полето има опција Hide Sidebar која ја трга иритирачката лента. Меѓутоа има еден мал проблем – секој пат кога ќе сакате да видите кој е онлајн на Facebook, страничниот бар повторно ќе ви се појави. Затоа:
- Првин, доколку користите Skype, не заборавајте дека новата верзија на VoIP клиентот сега овозможува и Facebook чет. Така комплетно ќе го избегнете страничниот бар и инсталирање скрипти.
- Доколку користите Firefox има решение со користење на GreaseMonkey додатокот да ја тргнете страничната лента комплетно. GreaseMonkey овозможува персонализирање на веб страни со додавање на JavaSript код (кориснички скрипти) кои се стартуваат заедно со HTML кодот.
- Откако ќе ја го инсталирате GreaseMonkey (не заборавајте да го рестартирате Firefox) инсталирајте ја Facebook Chat Sidebar Fix скриптата. Оваа скрипта додава Hide Sidebar копче веднаш до страничниот бар со што овозможува полесно и побрзо да се затвори истиот.

- Има уште една Remove Facebook Chat Sidebar GreaseMonkey скрипта која комплетно го трга четот на Facebook, и со тоа и страничниот бар. Проблемот е што нема да може да видите кој е онлајн освен ако не отварате профили и го барате зеленото топче покрај профил името.
Доколку има друго решение за Chrome или IE и Opera прелистувачите, би било супер да споделите во коментарите.
Корисник на четот или читател на IT.com.mk има право да оцени дали е чет барот глупав или не. Крајно непрофесионално е автор на текст, посебно на совет, да зазема страна и субјективно да користи зборови како "глупав".
Скрипта за грејсманки, истата функционира и во хром, тестирана и работи. Ги враќа контактите онлајн/ајдл и ја нема таја глупата лента :)
http://userscripts.org/scripts/show/107159
Колку е сигурна оваа скрипта ?
100% :)
Само си игра со CSS-то и го враќа во старата положба. Можеш и самиот да го видиш кодот – http://userscripts.org/scripts/review/107159
Јас ова го решив со ctr + :) и сајдбарот сакал нејќел ќе се спушти :)
Oва само го крие сајдбарот?
Тоа може да се постигне и без скриптата: https://www.facebook.com/help/?faq=23549684981318…
http://www.facebook.com/presence/popout.php