Несомнено е дека COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Неодамна имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги носи.
Очекувано најголем дел од читателите беше позаинтересиран како со епидемијата се справуваат локалните компании. Па затоа, во серијал насловен “Како [локална компанија] #РаботиОдДома” од повеќе текстови ќе се обидеме да презентираме што прават најголем дел од ИТ компаниите кои се од Македонија или имаат канцеларии во Македонија.
Ова е праксата на компанијата Аспект. Компанијата е основана 1992 година, и е компанија за развој на софтвер и ИТ консултантска компанија која испорачува интегрирани и иновативни софтверски решенија, составени во рамките на Aspekt Product Suite специјализирани за сегменти од финансиската индустрија.
АСПЕКТ служи на разновиден спектар на банкарски и микро-финансиски клиенти во Европа, Азија и Африка, создавајќи големо влијание врз финансиските институции со децентрализирано работење кои се во потрага за структуирање на правилата на работниот процес според локалната регулатива.
За работата од далечина во случај на пандемија зборувавме со Моника Арсова од Аспект.
Како се справувате со овие отежнати услови за работа?
АСПЕКТ, како компанија која е ориентирана кон задоволување на потребите на клиентите, е фокусирана кон своите должности со цел сите деловни процеси да работат ефикасно и според тоа, компанијата ги тестираше сите свои планови за континуитет на бизнисот.
Ние ја сфативме сериозноста на вирусот COVID-19, и уште на самиот почеток ја активиравме нашата процедура за Работа од дома за сите свои вработени во Скопје како превентивна мерка за безбедноста на сите нив. Пред сè, тоа е наша одговорност како луѓе.
Компанијата ги овозможи сите потребни услови и ресурси на своите вработени со цел работата да се одвива непречено и безбедно, и со оглед на тоа дека како ИТ компанија сме целосно дигитализирани во својата работа, па и услуга, не сме се пресретнале со некои отежнати услови за работа.
Нашата препорака за работа од дома беше дел од нашиот план за одговор и превентивна мерка, затоа што се грижиме за здравјето и безбедноста на сите.
Какво е влијанието врз работата и клиентите?
Процедурата за Работа од Дома го следи високото ниво на комуникација и општата одговорност. И покрај тоа што сите вработени не се на иста физичка локација, тимот на АСПЕКТ останува исто толку продуктивен и одговорен за сите наши клиенти како и од физичката канцеларија.
АСПЕКТ, иако од дома, сè уште ги извршува своите активности со полн капацитет и нуди беспрекорна услуга, па може да се каже дека влијанието врз работата и клиентите е речиси исто. Важниот момент во овие услови е дека АСПЕКТ како софтверска компанија и водич кон дигитална трансформација на финансиски институции, целосно им излезе во пресрет на своите клиенти со брзата поддршка и ефикасните решенија во врска со бараните мораториуми и пролонгирања на кредити. Сите овие вонредни барања и потреби на нашите клиенти се целосно имплементирани и адаптирани во согласност со регулативите на секоја Народна Банка во најразлични држави низ Европа, Африка и Азија.
Во време на кризата, скоро сите клиенти, посебно клиентите од Африка, пристапија кон целосна дигитализација на нови дигитални канали, а кои АСПЕКТ успешно ги имплементира. Ваквиот чекор кон дигитална трансформација на бизнисот на нашите клиенти ќе им помогне полесно да се справат со моменталната ситуација, а истовремено ќе им озвозможи брз пристап до финансирање на целото население. Постојано се насочуваме кон обезбедување на ефикасна услуга и имплементирање на флексибилни и иновативни решенија на своите клиенти, помагајќи да го направат потребниот step forward во новата дигитална ера, водејќи го бизнисот на следното ниво на профитабилен раст и во ова време, и секако, продолжуваме да ја нудиме истата услуга како и обично во текот на денот, секој ден, без никакви ограничувања.
Кои алатки ги користите за да ја олесните работата од дома?
Алатките кои ги користиме се всушност нашите основни средства за комуникација и колаборација со клиентите, со оглед на тоа што поголемиот дел од нив се во различни земји од Европа, Азија и Африка, па така функционираме постојано. Дел од алатките како Skype, Slack, Zoom, Microsoft Meeting, GoToMeeting и сл. ги користиме за редовна комуникација, онлине состаноци и ремоте видео презентации и обуки. Како и претходно, така и сега, користиме специјализиран документ менаџмент систем за складирање на документации, со тоа што сега фокусот е на целосна дигитална документација, додека пак, Redmine е нашиот централизиран систем преку кој ги следиме сите проекти, менаџираме и анализираме, како кон клиенти, така сега и интерно.
Со оглед дека сега сите сме дома, доста големо внимание и акцент даваме на тестирање на постоечките и истражување на нови алатки со цел подобрување и олеснување на целокупниот процес на работа и комуникација.
Кои се предизвиците при работа од дома?
Единствен предизвик со кој се соочуваме при работа од дома е недостигот на социјалниот момент, директната комуникација на работа и сите заеднички активности што знаевме да си ги организираме. Ни недостига удобноста и поврзаноста со работното место, канцелариите и нивната комоција. Ни недостигаат и relax room-от и огромната тераса за дружби, состаноци, организирање на родендени и забави, смеи, ширење на позитивна енергија, особено во овие сончеви денови…
Но секако, колку што можеме се обидуваме да го компензираме и ре-креираме тој социјален момент заеднички и виртуелно, преку организирање на ремоте дружби, виртуелни кафе паузи и најразлични работни и пост работни day challenges. Постојано бараме начини да се инспирираме и да ја оддржиме истата работна рутина
Но и покрај споменатите предизвици, работата од дома успеа да не зближи и сплоти уште повеќе, иако физички на далечина. Секојдневно се мотивираме и поддржуваме сите заедно, учиме едни од други, се надоградуваме и осознаваме да ги цениме уште повеќе вистинските вредности во животот.
Имавте ли некој специфичен предизвик кој можеби не можевте да го предвидите?
Со оглед на тоа дека сме лесно прилагодлива и флексибилна компанија, не сме се соочиле со некој специфичен предизвик, освен што моравме да ги откажеме сите активности поврзани со патувања и учества на меѓународни конференции и настани кои беа дел од нашиот маркетинг план.
Постојано работиме со добра координација и организација обезбедувајќи најдобри услуги за нашите клиенти, а во исто време остануваме безбедни почитувајќи ги превентивните мерки, задржувајќи го позитивниот став и работниот дух!
За пандемијата на коронавирусот COVID-19
Ажурирано на
25/03/2020
Што е коронавирусот COVID-19?
COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.
Колку е заразен вирусот?
Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.
Каде е проширен вирусот?
Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.
Кои се симптомите?
За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.
Како да се заштитам себеси и другите?
Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.
Каде да се информирам повеќе?
Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:
- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.