Над половина, 51,9% од девелоперите на Stack Overflow се декларирале како „full stack“ девелопери. По нив на листата се „back-end“ со 50% застапеност и „front-end“ со 32,8% застапеност. Ова го покажува извештајот кој неодамна го претстави Stack Overflow.
Интересно, најголем дел од корисниците на сервисот, дури 79% кодираат како хоби. Она што веројатно е подеднакво изненадување е дека единствено 34,5%, никогаш не придонеле со опен сорс код; 29,3% барем еднаш годишно го даваат својот придонес; 24,2% помалку од еднаш месечно, но и повеќе од еднаш во годината, а 12,1% барем еднаш во месецот придонесуваат на опен сорс проект.
Кои јазици и технологии најмногу се употребуваат?
Вообичаено на врвот на оваа листа е JavaScript кој го користат 67,8% од девелоперите кои одговориле на прашалникот на Stackoverflow. Оваа бројка е повисока кај професионалците кои 69,7% користеле JavaScript. Веб технологијата и понатаму владее со листата, втори на листата се HTML/CSS (63,5%), па следи SQL (54,4%). Најголемата промена е скокот на Python (41,7%) кој за влакно го „прескокна “ Java (41,1%).
Во првите 10 програмски јазици се и Bash/Shell/PowerShell (36.6%); C# (31.0%); PHP (26.4%); C++ (23.5%) и TypeScript (21.2%).
Најшироко распространет веб фрејмворк е jQuery кој се најде во 48,7% од одговорите. Следат React.js и Angular.js кои си ги заменија местата. Потоа е ASN.NET и Express.
Возраст и пол
Програмирањето сè уште е „машко“ хоби и професија. Дури 91,7% од испитаниците одговориле дека се чувствуваат како мажи. Како жени се чувствуваат 7,9% од анкетираните, надвор од овие две групи или родово неусогласен се изјасниле 1,2%.
Најголем дел од девелоперите се од 20 до 39 години. Од 20 до 24 години се 21.1%; од 25 до 29 27.6%; од 30 до 34 19.3% и од 35 до 39 11,9 отсто.
Австралија и САД со 32,8 години во просек ги имаат најстарите девелопери. Во Австралија се и најискусните девелопери со 15,4 години искуство во просек. Следат Велика Британија 14,9 години и САД 14,1 година.
Не може без Илон Маск
Ако се мислите кој е херојот на девелоперите оваа година, тоа е Илон Маск. Дури 30,2% од испитаниците сметаат дека ќе биде највлијателен во технологијата оваа година. Зад него следат Џеф Безос со скромни 7,2% од гласовите и Сатја Надела со 4,4% од гласовите. Нескромни девелопери кои сметаат дека самите ќе бидат личност на годината се 2,5%.
[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]
[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]