„123456“ е најчесто користена лозинка

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести

Милиони корисници користат едноставни лозинки што можат лесно да се погодат. Истражувањето на Британскиот национален центар за сајбер безбедност (National Cyber Security Centre), покажува дека најчесто користена лозинка кај „пробиените“ профили е 123456.

Интересно, иако истите совети ги слушаме постојано, најчесто користените лозинки и натаму се небезбедни и остануваат истите.

Бројките не се единствени лозинки лесни за погодување, па на листата има стандардни букви, по не баш случаен избор, имиња, фудбалски клубови, музички групи и слично. Наместо овие лозинки од Националниот центар за сајбер безбедност советуваат корисниците да користат три збора споени во една лозинка. Зборовите треба да бидат неповрзани, но и да бидат лесни за помнење.

Најчесто користената лозинка „123456“ се појавува како лозинка 23 милиони пати. По неа е „123456789“, па „qwerty“, „password“ и „1111111“, пренесе BBC. На листите на лични имиња највисоко е Ешли (Ashley); од фудбалските клубови лидер е Ливерпул, а омилената група е Blink-182. Иронично Blink-182 има сѐ што треба да има една лозинка, комбинација е од мали букви, големи букви, бројки и знаци.

Одбирањето на безбедна лозинка е најважната работа која можат да ја направат корисниците, вели безбедносниот експерт Трој Хант.

Веројатно најпаметно што може да направите за поголема безбедност онлајн е да започнете да користите некаков менаџер на лозинки, на пример Last Pass е и повеќе од солиден, а е бесплатно достапен за потребите на најголем дел од корисниците.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] „123456“ е најчесто користена лозинка. Ова значително може да ја загрози вашата безбедност. Тогаш, каква лозинка треба да создадете? И дали е таа на високо безбедносно ниво? […]

trackback

[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk