0 коментари 1 мин. читање

Измерете ја брзината на интернет конекцијата со Meteor

Meteor е бесплатна апликација за мерење на брзината на вашата интернет конекција. Првенствено се изделува од морето слични апликации по тоа што нити заклучува корисни функции зад платежен ѕид нити пак константно ви сервира иритирачки реклами. Апликацијата е бесплатна во вистинската смисла на зборот и одлично се справува со најчесто користените мрежи, почнувајќи со wi-fi мрежите, движејќи се преку 2G, 4G, LTE и завршувајќи со 5G.

По завршеното тестирање, податоците кои ги добивате се за брзината на преземање и прикачување податоци преку интернет, како и за Ping. Приказот е јасен и визуелно привлечен затоа што информациите ги изделува така што ги прикажува во најразлични бои. До сите претходно извршени тестирања, доаѓате преку одделот history.

Meteor е достапна и за iOS и за Android.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top