Излезе првата епизода од четвртата сезона на Guild Wars 2

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Пред само два месеци излезе втората експанзија за Guild Wars 2. Наречена Path of Fire, проширувањето не само што створи можности за истражување огромни пет области со пет уникатни животни за јавање, туку и успеа да ги рафинира повеќето системи и да ја доведе ММО играта во еуфорично, златно доба од нови содржини. И додека некои се уште се губат во песочните убавини на Амнун, студиото Anet нападна со полна пареа и ја исфрли првата епизода од нивната четврта сезона.

Првата сезона за Guild Wars 2 беше (не)успешно тестирање на водите. Системот со временско-чувствителни содржини се покажа како неефикасен за сите последователни играчи, па затоа се замени со втората сезона од избрзано и сувопарно исфрлање мини епизоди кои се развлекоа низ исклучително долги периоди. По исфрлување на првата експанзија, Heart of Thorns, Anet некако успеа да оформи прифатлив урнек и целосно да ја освои базата од играчи со последователните шест епизоди од третата сезона.

Четвртата сезона го продолжува трендот кој беше воспоставен со претходната, но оди неколку чекори напред во поглед на квалитетот. Ако земете да ги одиграте сите достапни содржини во Guild Wars 2, забележителни се падови во квалитет и точно можете да забележите кога играте експанзија, а кога епизода од одредена сезона. Првата епизода од четвртата сезона, насловена Daybreak, ги брише таквите граници и уште во самиот почеток се здобивате со впечаток дека сте втурнати во квалитетно осмислена авантура во која е вложено подеднакво многу време и енергија како во осмислувањето на приказната и дизајнот за Path of Fire.

Во случај да ја завршивте приказната во Path of Fire тогаш знаете дека моќта на паднатиот бог не е единственото нешто од што треба да се плашат жителите на Тириа, особено кога во комбинација ќе влезе древниот змеј, Калкаторик. Продолжувајќи го клифхенгерот од Path of Fire, вашиот командир оди во Истан. На оваа огромна и подеднакво импресивна мапа, ќе наидете на нови асети, непријатели, и (мета) настани. Вашиот престој се наградува со целосно нова руда, од која произлегува нова валута. Собирање доволна количина од двете, ќе ви дозволи да се збогатите со нова опрема и корисни естетски и гејмплеј функционалности, нешто што чука во сличен ритам како тој од претходната, трета сезона. Ветераните ќе можат да направат ново, легендарно оружје. Многумина очекуваа, тоа да биде нов меч, но од студиото се решија да одат со фокус кој се одликува со импозантен дизајн, несвојствен за универзумот, но особено ценет од некромансите.

Покрај продолжеток во приказната, играчите можат да се втурнат во нов рејд, или пак нов фрактал. Петтиот рејд се вика Hall of Chains, а преку него вие и уште девет други ќе навлезете во подземјето и ќе ставите крај на убијците на следбениците на богот Грент. Што се однесува до новиот фрактал, Twilight Oasis ве става во улога на Mordant Crescent силите и ви дозволува да му се приклучите на Палава Џоко во неговата мисија да ја преземе контролата врз Елона. Кога сме кај фракталите, вреди да се спомене дека со оваа епизода се воведени бројни промени и се проширени наградите кои можете да ги добиете преку дружење со овој режим од играта.

Сево ова е пропратено со серија од нови достигнувања чие отклучување, исто така, ве наградува со корисни драгоцености. Најистрајните ќе можат да добијат и нов легендарен накит, како и нови изгледи за оружја и следбеници.

Daybreak и се што доаѓа со епизодата е апсолутно бесплатно за играње. Содржините од приказната, меѓутоа, бесплатно ви се отклучуваат само доколку се логирате во GW2 пред излегување на втората епизода. Дополнително, за да ја играте Daybreak, потребно е да ја имате купено втората експанзија – Path of Fire.

Кога веќе би морале да упатиме забелешка кон новата епизода, тоа би било кон катастрофално лошата оптимизација на новата мапа. Низ доменот на Истан, забележително е воведувањето на нови асети, во форма на ефекти и текстури, но таквото нешто доаѓа со голема цена, особено кога ќе се земе во предвид дека Guild Wars 2 знае да биде вампир колку во поглед на GPU толку и во поглед на CPU ресурсите. Со тестираната конфигурација, во мапите на основната Тириа извлековме ~80fps, во Heart of Thorns мапите – ~45FPS, а во Path of Fire мапите, таквото нешто се сведе на ~35FPS. Во Истан, меѓутоа, во одредени делови или за време на одредени настани, фрејмовите паѓаа под 10fps со што играта стануваше целосно не игрива, а намалување на графичките опции знаеше малку да помогне. Сево оваа алудира на драстично полоша оптимизација на играта и на фактот дека, доколку Анет не ги засука ракавите во овој поглед, ќе биде потребна и периодична надградба на ва вашата конфигурација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] а и да уредувате сосема нов дом за вашиот гилд. Прочитајте за нашите импресии од првата епизода од четвртата […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk